МЗШВ информира дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски утре (четврток) 03.08.2023 година со почеток од 10 часот во кабинетската сала при Министестерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржат тематски брифинг за новинарите.
Темата на брифингот ќе биде заокружувањето на ИПАРД 2 програмата и презентација на новиот последен повик од ИПАРД 2 програмата, како и информација за подготвеноста за старт на новата ИПАРД 3 програма.
По завршувањето на брифингот министерот Николовски ќе има изјава за медиумите.
Според досегашните изјави се работи за повик за Мерка 3 од ИПАРД 2 .

Станува збор за фонд од 9 милиони евра кои се преостанати од буџетот на ИПАРД 2 програмата.
Финансиските средства од ИПАРД 2 Програмата 2014-2020, во врска со спроведување на овој Јавен повик кој според објавта ќе биде ојавен во јуни 2023 година се наменети за поддршка на:
➢ Mерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Притоа Јавниот повик 01/2023 ќе се однесува за сите сектори од мерка 3 со исклучок на градежни работи, освен во делот на“Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори“.
Со оглед на специфичноста на јавниот повик поради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги известуваме сите заинтересирани потенцијални корисници дека крајниот рок за реализација на инвестиции кои ќе бидат кофинансирани со овој Јавен повик e 30.05.2024 година, а рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2024 година.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на негово објавување во дневните весници.
КОРИСНИЦИ
- Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
- Задруги.
Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.
ПРИОРИТНИ СЕКТОРИ
- Преработка на млеко и млечни производи;
- Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
- Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
- Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
- Растителни и животински масти и масла;
- Шира, вино и оцет;
- Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
СОПСТВЕНОСТ
За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:
- Сопственост или
- Договор за закуп
(најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).
ПРИФАТЛЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:
- Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
- Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
- Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
- Заштита на животната средина;
- Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
- Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
- Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
- Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
- Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
- Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
- Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
- Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
- Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.