Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Ги промовираме македонските локални производи, рекордна поддршка за 47 манифестации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Николовски: Ги промовираме македонските локални производи, рекордна поддршка за 47 манифестации
Саеми и манифестации

Николовски: Ги промовираме македонските локални производи, рекордна поддршка за 47 манифестации

Последна измена: 01/07/2022 08:03
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации и саеми за промоција на македонските земјоделски производи.

На јавниот повик објавен од страна на Министерството кон крајот на месец март годинава пристигнаа вкупно 61 апликација, од кои се одобрени 47 во вредност од околу 5 милиони денари. Овој јавен повик за поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи се распиша повторно по двегодишна пауза поради корона кризата. Повикот забележа голем интерес кај општините, земјоделските здруженија, задругите, локалните акциски групи и стопанските комори.

„Со ваквата поддршка го јакнеме и поттикнуваме локалното производство и малите производители кои имаат развиено свои брендови. Дополнително, со донесувањето на правилниците за продажба од куќен праг, тие можат легално да ги продаваат своите производи. Домашните брендови создадени токму од малите производители ја збогатуваат понудата на македонските традиционални производи направени по рецепти кои се пренесувани со генерации. Со продажбата од куќен праг најмногу се стимулираат малите производители и руралните жени, а токму тие се еден од главните приоритети при креирањето на стимулативните мерки и политики на МЗШВ. Тие секогаш ќе ја имаат нашата поддршка бидејќи креираат додадена вредност на земјоделското производство и директно ја развиваат домашната економија, креирајќи мали количини на производи, но со оригинален и автентичен квалитет“ истакна во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски.

МЗШВ поддржа манифестации и саеми од најразлични теми и речиси во сите региони низ државата, настани кои се со долгогодишна традиција, но и такви кои за прв пат ќе се одржат благодарение на финансиските средства кои се обезбедуваат преку оваа програма за поддршка. Ги промовираме македонските земјоделски производи, медот и пчелните производи, разните видови на сирења, млека, вино, органските производи и традиционални специјалитети. Понатаму, се врши промоција на домашни автохтони раси, на еко туризам, на биодиверзитетот, како и поддршка на манифестации за промоција и зачувување на земјоделската традиција.

Со ваквата поддршка од Министерството станаа препознатливи огромен број на манифестации и саеми. Како дел од нив може да се набројат „Фестивал на медот“ во Тетово, „Поречки фармер“, „Валандовска ракијада“, „Преспански јаболкобер“, „Мариово – оаза за органска храна“ и уште многу други.

„Она што вие го правите со вашиот ентузијазам е чиста манифестација на љубовта кон нашата земја со сите нејзини богатства и природни убавини, храна, фолклор и традиција. Земјоделскиот сектор е комплексен збир од многу активности, илјадници проекти, брзи интервентни одлуки, но и моменти кога треба токму со поддршка на ваквите локални фестивали и саеми да се потсетиме дека имаме многу вредности, многу наши домашни богатсва и брендови со кои вреди и треба да се гордееме, но и пофалиме пред регионот и светот. Нашите производи од мед, македонските вина, ракијата, ајварот, маџунот, домашните слатка и многу други производи се добитници на огромен број на награди на саеми низ светот“ истакна во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Николовски на добитниците им посака успешна реализација на планираните настани, потенцирајќи ја желбата да продолжи заедничкото негување на земјоделската традиција која се манифестира преку преку финансиската поддршка од страна на МЗШВ, а од страна на корисниците на грантовите преку нивните идеи за успешно промовирање на нашата земја низ целиот свет.

Може да ви се допадне

На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации
Јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми
Домашни и меѓународни САЕМИ кои ќе бидат поддржани од МЗШВ во 2025 година
Во Куманово отворање на меѓународните саеми  „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:манифестациисаеми
Претходен напис Времето претпладне сончево и многу топло, попладне локално нестабилно со дожд, грмежи и ветер
Следен напис Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?