Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Дополнителна мерка од 1500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Николовски: Дополнителна мерка од 1500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми
Агровест

Николовски: Дополнителна мерка од 1500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми

Објавено 04/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес конференција најави нови мерки за свињарството.

-Пред малку имавме состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи на којшто разговаравме за потребата од донесување на нови мерки за поддршка на свињарството и за одржување на домашното производство на свинско месо. Се договоривме преку планираната Програма за интеревентен фонд, да се обезбеди дополнителна мерка од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април – изјави Николовски и додаде дека мерката е по барање на сточарите и се воведува поради падот на цените по заклано грло и покачување на цената на добиточна храна, а со цел да се анулираат трошоците на сточарите, и да имаат одржливо производство на домашно свинско месо.

-Дополнително, на состанокот се договоривме и за воведување на нова мерка во годинешната Програма за финансиска поддршка, односно нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми. Корисници на оваа подмерка се сточарите кои ги исполнуваат условите за биосигурност од низок и среден ризик согласно регистарот на одгледувалишта по категорија во кој одгледувалиштата се класифицирани согласно утврден степен на ризик кој го следи АХВ – рече Николовски.

На прес конференцијата тој соопшти и дека веќе се прават подготовки за нов наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари. Овие две мерки се дополнителен стимул за развој на свињарството во износ од скоро два милиони евра, со кои МЗШВ покажува вистинска грижа за секоја земјоделска гранка и за одржливо домашно производство.

Претставниците на земјоделските здруженија со кои денеска беше одржан состанокот не го криеја задоволството од најавените нови мерки и изразија благодарност до министерот Николовски и Владата за грижата што ја покажуваат кон свињарството како сточарска гранка.

Благодарение на оваа мерка, изјавија дека нема да има никакво покачување на цените на свинско месо на домашниот пазар кој целосно се задоволува од домашно производство.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26: Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино
Таг:земјоделцимзшвНиколовскисточарство
Претходен напис ЕУ воведува целосна забрана за увоз на клучните ѓубрива од Белорусија
Следен напис Министерот Николовски најави мерка за покривање на трошоците за набавка на вештачки ѓубрива за прихрана на посевите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?