Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во 350 основни училишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Николовски: Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во 350 основни училишта
СубвенцииФондови

Николовски: Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во 350 основни училишта

Објавено 27/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната владина седница се усвоени предложените нови мерки за поддршка на земјоделците, информираше министерот Љупчо Николовски на прес-конференцијата што се одржа во просториите на МЗШВ.

Покрај новата мерка со која се предвидуваат дополнителни 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година, усвоена е и новата програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје.

„Дополнително на денешната седница Владата ја усвои новата програма што се носи за првпат, за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година. За реализација на оваа програма со ребаланс на буџетот беа обезбедени 20 милиони денари. Станува збор за нова програма со којашто се овозможува финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на јаболка од реколтата 2020 година, а целата откупена количина на јаболка ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државни основни училишта најдоцна до 15 декември 2022 година. Со овие мерки ги потпомагаме производителите на јаболка и овозможуваме свежа и здрава ужина за нашите деца во основните училишта. Преку оваа програма ќе бидат опфатени околу 186.000 ученици во 350 основни училишта.

Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во сите овие 350 училишта“, изјави министерот Николовски.

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ НА ОРГАНСКИ производители на сертифициран материјал, органски производи и насади
Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници за 2026
Претходен напис Наскоро исплата за предадено млеко за следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници
Следен напис Диви свињи се појавиле во Пржино, граѓаните да бидат внимателни при пешачење на Водно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?