Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Наскоро исплата за предадено млеко за следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници


Министерот Љупчо Николовски на прес-конференција информираше дека на денешната владина седница биле предложени и усвоени низа нови мерки за поддршка на земјоделците. Една од нив е новата мерка од околу 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година

„Одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на секој земјоделец. Наша обврска како Министерство е да го стабилизираме, одржиме и зголемиме домашното производство и да го поттикнеме и подобриме производството на храна намалувајќи ги трошоците на земјоделците. Крајната цел е поголем домашен принос пред се на стратешки култури и помала увозна зависност.

Поддршката кон земјоделците ја продолжуваме. На денешната владина седница предложивме и беа усвоени низа нови мерки за поддршка на земјоделците. Интервентниот фонд што го основавме оваа година го дополнивме со нова мерка којашто е околу 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.“

Николовски нагласи дека ова претставува дополнителна поддршка преку Интервентниот фонд, чија цел е намалување на трошоците и на загубите кај млекопроизводителите и додаде дека од страна на Платежната агенција веќе се поднесени налози за исплата на следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници во вредност од 150 милиони денари.

Сеп 27, 2022agrotim1
Николовски: Нови 140 милиони денари преку Интервентниот фонд за финансиска поддршка на млекопроизводителитеНиколовски: Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во 350 основни училишта

Напишете коментар Откажи одговор

27/09/2022 Агровести, Субвенцииденари, мзшв, најново, сточари, субвенции, фаза374

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019