Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места
Агровести

Николовски: Да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места

Објавено 30/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Викендов, нашата земја беше зафатена од нестабилни временски услови кои предизвикаа пороен дожд и град на повеќе места низ државата. Екипи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се на терен низ повеќе региони и вршат увид на состојбата и штетите предизвикани од невремето. Министерот Николовски заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Ивица Тодоровски, го посетија Лозово кое вчера во текот на ноќните часови беше зафатено од силно невреме проследено со град.

„Денеска сме во Лозово заедно со земјоделците и директорот на УХМР, Ивица Тодоровски каде вршиме увид врз штетите кои ги предизвика невремето. За жал најголеми штети се забележани во Лозово, кое со град и силен дожд е зафатено во текот на ноќта после 22:30 часот. Сепак да не беа овие дејствувања од страна на авионите низ целата држава, ваквите штети како Лозово ќе беа на многу повеќе места“ изјави министерот Николовски и потенцираше дека благодарение на авионското засејување на облаците и дејството во текот на викендот на повеќе локации, спречена е штета со ефект на заштита од над 80%. Штетата во Лозово е последица на тоа што невремето се случило во доцните ноќни часови, а тоа е период во кој авионското дејство е невозможно од безбедносен аспект за пилотите.

Министерот Николовски ги повика општинските комисии веднаш да излезат на терен и да започнат со проценка на штетите и подготовка на елаборатите, како би можело навремено истите да стигнат до Владата и да бидат исплатени.

Радарските центри Тополчани и Ѓуриште редовно ги следат градоносните облаци и врз основа на параметрите од радарската контрола, вчера и завчера беа активирани воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци. Дејствувано е со вкупно 396 палки од кои 257 во Пелагонискиот регион каде е дејствувано врз повеќе градоносни облаци а дејствувано е и во Преспанскиот, Охридско-Струшкиот, Полошкиот и Велешкиот регион. Со навремената реакција на УХМР спречена е појава на град на повеќе од 80% од регионите зафатени со градоносни облаци, а со тоа се заштитени земјоделските посеви.

Засејувањето на облаците со сребрен јодид е успешна метода со која градот се претвора во дожд. Дејствувањето на авионите нема цел да спречи појава на дожд, кој е корисен за земјоделските површини, туку единствено има цел да делува во разбивање на градоносни облаци, со цел спречување на појава на град и предизвикување на штети на земјоделските површини.

Ваквите штети предизвикани од климатските промени беа мотив за министерство да започне да подготвува ново законско решение за осигурување во земјоделството, преку системот Земјоделски осигурителен пул. Овој систем има за цел да ги заштити земјоделците од неповолните климатски промени од една страна и од друга страна да го забрза процесот на обештетување во случаи кога сепак ќе настане штета предизвикана од временски непогоди.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:Николовски
Претходен напис (ФОТО) Бачовски ги продолжува теренските активности со посета на фарми низ Радовишкиот регион
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?