Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Нема промени во државната поддршка на земјоделскиот сектор преку ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Николовска: Нема промени во државната поддршка на земјоделскиот сектор преку ИПАРД програмата
Фондови

Николовска: Нема промени во државната поддршка на земјоделскиот сектор преку ИПАРД програмата

Објавено 10/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИПАРД 3 се средства кои се добиени до 2027 година и нивното користење НЕ зависи дали ќе има избори или промена на Влада. Финансиската спогодба е потпишана, мерките се акредитирани и нема реакредитација со секоја нова Влада. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Со оглед на тоа дека управувањето со овие средства е под контрола на нашата држава, за Брисел е важно тие правилно да се користат, да нема злоупотреби и да придонесат за македонскиот агрокомплекс.

Првите 30 милиони евра веќе беа ставени на располагање за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7. Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка  и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам,

Потсетување дека во тек е повик за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 28.05.2024 година. Сите заинтересирани фирми да не ја пропуштат можноста да аплицираат затоа што има фонд од 14 милиони евра и шансите за добивање на грант се големи.

Фејсбук статус на Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
Украсни растенија како природни средства против комарци
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци
Таг:ипардмерка 3повиксредствафондови
Претходен напис Πώς να κάνετε εγγραφή στο Vavada GR
Следен напис Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?