Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5-6 милијарди евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5-6 милијарди евра
Агровести

Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5-6 милијарди евра

Објавено 12/05/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски потсети дека и двата аеродроми, скопскиот и охридскиот, кои се исто така на Коридорот 8, бележат прогрес. „Св. апостол Павле“ во овој момент се реконструира – процес што се очекува да заврши во јули, а скопскиот аеродром има најголем раст на бројот на патници во првиот квартал годинава во целиот регион.

– Во моментот во активна градба или во завршување, само во делот на автопати и експресни патишта на Коридорот 8, имаме инвестиции од 2 милијарди и 100 милиони евра, што за држава од милион и 800 жители и бруто-домашен производ од некаде 21-22 милијарди долари е огромна инвестиција. Автопатот Охрид – Кичево чини нешто под 800 милиони евра. Конечно го завршуваме, а таму имаше многубројни предизвици. Поврзувањето од овој автопат преку Струга до Ќафасан, без разлика на трасата што ќе ја избереме, ќе биде во соработка со УНЕСКО и во рамките на заштитата на УНЕСКО. Значи, не е прашање дали, прашање е само како и каде. Ќе чини речиси 250 милиони евра. Дополнително, во моментот сме во финална постапка за избор на изведувач заедно со Европската банка за развој за автопатско решение од Кичево до Букојчани, која ќе чини приближно 220 милиони евра. Тука е и делницата Букојчани – Гостивар за која веќе има изведувач и работиме со конзорциумот „Бехтел и Енка“, која ќе чини речиси 590 милиони евра и на која веќе активно се работи (веќе 50-ина проценти имаме прогрес). На тоа се надоврзува делницата од Гостивар до Тетово, потоа имаме 150 милиони евра целосна реконструкција на обиколницата на Скопје, на тоа додаваме уште 300 милиони евра за експресен пат што ќе го работиме заедно со Европската Унија од Куманово до Страцин, а Страцин – Крива Паланка минатиот јануари го ставивме во функција, проект вреден 100 милиони евра. Имаме и целосна реконструкција на граничниот премин Ќафасан со Албанија, како и на граничниот премин Деве Баир со Бугарија и нивно проширување и финално – патот од Извор до Гарски мост, пат што ќе оди од сегашниот автопат Охрид – Кичево, практично до Дебар и од Дебар преку граничниот премин Блато треба да се поврземе со Албанија, нешто што во моментот исто така го градиме – истакна министерот.  

Покрај ова, потенцира, паралелно се работи и на железницата.

– Постигнавме договор со Бугарија. Таму имаме исто така огромни инвестиции. Инвестициите ќе достигнат, допрва велам веќе ќе достигнат зашто во моментот сме или во проектирање или во тендерирање, над 3 милијарди евра. Минатиот јануари ја пуштивме првата секција од спојот со Бугарија, вредност 90 милиони евра. Во моментот ја работиме втората секција од спојот со Бугарија вредна 200 милиони евра. Заедно со Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Европската Унија, во моментот работиме, односно сме во процес на тендерирање за избор на изведувач за третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија, која ќе чини речиси 500 милиони евра. Ако на тоа се надодаде проектот што во моментот активно го работиме со Европската Унија за целосна реконструкција и надградба на железничката линија од Скопје преку Јанушевци, Тетово, Гостивар до Кичево, која ќе чини речиси 285 милиони евра и на тоа се додаде Кичево – Охрид – Струга, граница со Албанија, тоа ќе биде комплетно нова линија во вредност од две милијарди евра, мислам дека е многу лесно да пресметаме дека некаде над 3 милијарди евра ќе се инвестира во железницата во следните пет-шест години само на Коридорот 8. Целата оваа слика – патиштата, железницата и двата аеродроми – покажува колку инвестираме и колку сакаме да инвестираме во следниот период во инфраструктурата – истакна Николоски.

Тој се осврна и на Коридорот 10.

– Тука веќе работиме и сме во напредна фаза на почетокот на работа за изградба на брза железница од граница до граница, 200 километри на час патнички сообраќај и 120 километри на час карго-сообраќај, што е огромен инвестициски циклус. Имаше една феноменална изјава на сега веќе претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој рече: „Не ги градиме автопатите од Скопје до Охрид или Струга за да се оди на кафе, туку ги градиме за да развиваме бизнис и односи со соседните држави“. Мислам дека сите ние овде, на форумот, треба да работиме ова да не бидат само политички или безбедносни проекти (поради барања на НАТО, на пример), ниту да бидат само туристички проекти што ќе се користат два месеци во текот на летната сезона, туку да бидат проекти што навистина ќе го развијат бизнисот – порача Николоски пред бизнисмените и претставниците на институциите, кои присуствуваат на форумот. 

Фото: Агротим

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:6 милијарди евраИнвестирамеКоридорот 8Николоски
Претходен напис Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената
Следен напис Сали: Европската интеграција мора да се претвори во конкретни дигитални услуги за граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?