Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената
Агровести

Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената

Објавено 12/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште – порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис-форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје.

Тие укажаа на потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на трети пазари. 

– Економската соработка е добра, но може да биде многу подобра. Имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, бројките се незадоволотелни. Минатата година размената достигнала 180 милиони евра или зголемување од 40 милиониво споредба со 2020 година. Во првиот квартал од 2026 размената е 38 милиони евра. Ова е добро, но имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, тогаш овие бројки се незадоволителни и треба да бидат многу, многу повисоки. Чудно е како успеваме да тргуваме со Германија, Франција, Велика Британија, а не и меѓусебе, во регионот. Тоа мислам дека е сериозен предизвик – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според него, освен подобра поврзаност и подобра инфраструктура, на Македонија и на Албанија им е потребна и промена на менталитетот.

Албанскиот амбасадор во земјата, Денион Мејдани, рече дека клучен предизвик за Македонија и за Албанија е да ги засилат врските и да ја интензивираат соработката.

– Коридорот 8 е стратешки проект, кој ги става нашите земји во европската транспортна архитектура. Патот кон просперитетот е повеќе доверба, повеќе инвестиции, енергија, заеднички проекти… Албанија ја гледа Македонија како природен партнер. Работа на избор е дали ќе останеме на периферијата или ќе бидеме дел од современите текови и ќе градиме добро соседство – истакна амбасадорот.

Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, криминалците повеќе од бизнисмените ги користат „предностите“ за поголема соработка.

– Срам да им е на бизнисмените, криминалците се пред нас. Да се обединиме, да ги затвориме дупките и да ги искористиме потенцијалите за јакнење на соработката, за зголемување на трговијата и размената – нагласи Азески.

Инвестициите, поврзаноста и туризмот, се во фокус на форумот што го организира Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Албанија. Најавени се три панели на овие теми, а присуствуваат претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји.

Како што беше речено, следниот форум се очекува да биде во Тирана.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:бизнис-форумМакедонско-албанскиотразменататрговијатаукинувањецарините
Претходен напис Мицкоски на самитот на „Македонија 2025“: Поврзување на државата за поголем економски раст
Следен напис Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5-6 милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?