Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ соопштение: Земјоделците да бидат опфатени во владиниот пакет на економски мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ соопштение: Земјоделците да бидат опфатени во владиниот пакет на економски мерки
Агровести

НФФ соопштение: Земјоделците да бидат опфатени во владиниот пакет на економски мерки

Објавено 16/05/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците и земјоделството бидејќи овој сектор е  исклучително значаен сектор за обезбедување на стабилна економија, посебно во делот на обезбедување на храната во оваа тешка ситуација во нашата држава предизвикана од Корона Вирусот. Економските мерки да опфатат поддршки за земјоделството и земјоделците во насока на решавање на проблемите со откупот и пласманот, бидејќи основен проблем во земјоделството предизвикан од Корона пандемијата се нарушените синџири на продажба. Тоа беше забележително на самиот почеток на пандемијата каде што настанаа проблеми при откупот на јагнето и пролетната зелка.  Со вториот пакет на  економски мерки на Владата се изоставени регистрираните индивидуални земјоделци кои исто така остваруваат доход преку земјоделската работа и плаќаат придонеси кон државата. Со дополнителна Уредба[1] на Владата се опфатени  трговците-поединци, занаетчиите и регистрираните земјоделци и други лица кои се третираат како вработени за сопствена сметка односно даваат услуги од кои обезбедуваат доход и имаат право на финансиска поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај. Со оваа економска мерка се опфатени само регистрираните земјоделци согласно Законот за трговски друштва и Законот за вршење на земјоделска дејност, а не и регистрираните индивидуални земјоделци според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои исто така даваат услуги, од кои обезбедуваат доход. Истиот проблем се појавува и кај Јавниот повик бр.1 COVID 2[2] на Развојната Банка на РСМ каде што се овозможува директно кредитирање без камати и хипотеки на микро, мали и средни претпријатија од компензациони фондови од странска помош, каде што се опфатени само регистрираните земјоделци регистрирани според Законот за вршење на земјоделска дејснот и Законот за трговски друштва, а не и регистрираните земјоделци регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Националната федерација на фармери бара измена на Уредбата[3] со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, погодени од здравствена економска криза предизвикана од Корона Вирусот за време на вонредната состојба, со тоа што во категоријата на физички лица кои вршат самостојна дејност да бидат вклучени и земјоделците регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување за да добијат финансиска поддршка за месеците април и мај во износ од 14.500 денари, доколку имаат загуби.

„Со цел да се излезе во пресрет на производителите на храна, бараме да се донесе одлука на  Влада на РСМ за Развојната банка на Република Северна Македонија да овозможи поволна кредитна понуда и за фармерите регистрирани според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се соочуваат со проблеми со откупот и имаат вишок на непродадени количини и загуба во својата работа, како последица од сегашната здравствена – економска криза во државата предизвикана од Корона Вирусот. Развојната банка на РСМ да понуди кредити без камата, без дополнителни оптоварувања со хипотеки и флексибилен период на отплати или да ја вклучи оваа категорија на регистрирани земјоделци дополнително во рамките на јавниот повик бр 1 COVID 2[4]  за поднесување на апликации за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија регистрирани во РСМ од компензационите фондови од странска помош. На ваков начин на земјоделците ќе им се овозможи да го диверзифицираат својот извор на приход (пр. агротуризам, угостителство, или подобрување на продуктивноста на производството преку набавка на технологии за преработки,  и приоритет да се даде на поддршка на инвестициски активности на младите фармери и земјоделките) во услови кога нивното производство не може да се откупи поради настаната здравствено – економска криза во државата. “ потенцира Васка Мојсовска претседателка на НФФ.


[1] Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот COVID-19 за време на вонредна состојба. Службен весник на РСМ, бр: 92/20, Објавено на: 6.04.2020. Достапно на: https://bit.ly/2WaVkKW

[2]ЈАВЕН ПОВИК БР. 1за поднесување на апликации за директно кредитирање на микро, мали и среднипретпријатија регистрирани во Република Северна Македонија одКомпензационите фондови од странска помош – https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/635-1-covid2

5 Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010; 53/2011, 126/2012, 15/2013 и 69/2013)

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијаземјоделецКорона вируссет меркифедерација
Претходен напис ДЕТАЛНА ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Продолжува спарното, мачно и многу топло време
Следен напис По Африканскиот бран – опасност од невреме во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?