За време на овој викенд ќе имаме умерено облачно, многу топло, мачно и спарно време со сончеви периоди.
Локално ќе има и позначителна облачност, утре попладне мали се условите за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот особено утре и на запад ќе засилува.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени денес, утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.
Потоа на почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

