Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ: Цената на „смедеревката“ да биде 16 денари, а на „вранецот“ 17
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ: Цената на „смедеревката“ да биде 16 денари, а на „вранецот“ 17
Агровести

НФФ: Цената на „смедеревката“ да биде 16 денари, а на „вранецот“ 17

Објавено 11/08/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на грозјето почнува и повторно е неплански, со голем број манипулации кои се на штета на лозарите, оценува Националната федерација на фармери (ННФ) и уште еднаш апелира дека цената на „смедеревката” треба да биде околку 16 денари за килограм, а на „вранецот” 17 денари.

Според НФФ, освен откупните цени, проблем во лозарството се и климатските промени, како и застарените системи за наводнување на насадите.

Федерацијата ја нагласува потребата од воспоставување партнерски односи меѓу лозарите и винариите. Воедно бара стартот на бербата и скалата на шеќерните единици да ја одредуваат релевантни научни институции за да нема манипулација околу цените и шеќерните единици. Ова барање, како што информира, е доставено до Министерството за земјоделство.

-Со години наназад „смедеревката” се откупува за максимум 11 денари, додека винската сорта „вранец” до 13 денари. Секоја година правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден за килограм. Oвие статистички податоци се потврдени и од страна на релевантни институции. Затоа сметаме дека со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, потенцира претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

Анализата на НФФ „Земјоделството и Корона кризата” покажува дека со години наназад е препознатлив трендот на должење и неисплата на винарии кон лозари.

-Но, најбитно во целата приказна е тоа што лозарството е повторно неорганизирано, дури стихијно. Она што значително се смени е дека пораснаа цените на македонските вина (несомнено се зголеми и квалитетот), но во малопродажба вината се сé поскапи, а лозарите се посиромашни. Од фер економија и задоволство на сите во вредносниот синџир, преминавме на високи трошоци за маркетинг и креирање приказни од кои никако производителите на грозје да дојдат до корист. Со години наназад, оваа особено важна гранка, која иако има огромни можности, останува неорганизирана и во производството и во извозот, се наведува во анализата.

Во неа се додава и дека од едната страна се земјоделците кои инвестираат во нови површини, но нивниот труд не е вреднуван, а од другата винариите – убедени дека се значајно име на глобалниот пазар (иако најголем дел од нашето вино се уште завршува на екс југословенските простори) и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот.

-Во такви услови, а посебно сега со настаната криза, потребно е да се либерализира пристапот на малите производители до пазарот, а со тоа да се влијае на стабилизирање и редистрибуција на вредноста на земјоделскиот откуп во целиот систем, е еден од заклучоците на анализата.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) , виното е втор најзначаен извозен производ од земјоделско-прехранбениот сектор со 11 отсто учество во вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени производи. Во периодот 2014 – 2019 се извезувале по околу 100 милиони литри вино од кои се остварени околу 50 милиони eвра приход годишно. Република Северна Македонија има вкупно 180.000 земјоделски стопанства од кои околу 48.000 поседуваат лозови насади. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје 70 проценти се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства (чија површина се движи од еден до четири хектари.

-Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи на нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи меѓу винариите и лозарите, укажува НФФ.

Федерацијата бара измени на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за вино со воведување банкарска гаранција, како што е уреден откупот на тутунот, Инспекторатот за земјоделство да врши зачестени контроли за време на откупот, Министерството за земјоделство да овозможи услови за свикување на потсекторската група за вино и грозје која функционира во негови рамки, но и посебно внимание да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура – патишта, наводнување, одводнување и справување со климатските промени кои посебно влијаат на квалитетот на сите земјоделски производи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВранецНационална федерација на фармериНФФсмедеревка
Претходен напис (Видео) И на трактор може да се ужива во поголема брзина
Следен напис Бачовски: Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози, задржано женско јагне
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?