Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози, задржано женско јагне
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози, задржано женско јагне
Субвенции

Бачовски: Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози, задржано женско јагне

Објавено 11/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 11,785 субјекти исплати близу 617,6 милиони денари за субвенции. Станува бор за исплата на субвенции за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои  задржале женско јагне.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека со оваа исплата префрлени се и средства за 206 тутунопроизводители кои во минатиот период ги подмирија долговите за вода и пашарина. На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020.

Директорот Бачовски појаснува дека:

„Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите  за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка.“ – информира Бачовски.

Политиката на неселективна исплата на субвенции продолжува. Средства за земјоделците има, грижата за секторот земјоделство беше и останува во фокусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, наше е да создаваме поволни услови за раст и развој на агро – секторот а  земјоделците треба да продолжат да произведуваат квалитетни производи.  

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:субвенции
Претходен напис НФФ: Цената на „смедеревката“ да биде 16 денари, а на „вранецот“ 17
Следен напис Во Југоистокот ќе се уредуваат и санираат полски патишта во четири општини
3 коментари 3 коментари
  • Miljo Trajkov напиша:
    на 12/08/2021 г. во 12:21 часот

    Da se isplatat finansiskata pomos od 6000 den bidejji parite se vrateni ne gi dobivme

    Reply
  • Dragana напиша:
    на 17/08/2021 г. во 13:35 часот

    A koga ke bidat isplateni subvenciite za predadeno grozje?Vi blagodaram.

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 21/08/2021 г. во 10:43 часот

      Почитувана, сите официјални информации со кои располагаме ги објавуваме. Следете Агротим. Поздрав

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?