Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Нелкоски Органик Фуд“ започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на органски лешник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Нелкоски Органик Фуд“ започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на органски лешник
АгровестиДоговорно ПроизводствоПредлог бизнис

„Нелкоски Органик Фуд“ започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на органски лешник

Последна измена: 13/11/2024 11:07
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Нелкоски Органик Фуд Zaum Organic започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на лешник.

Првите 5 договори се потпишани денес!

Основни параметри за откуп се:

– да бидете спремни да станете органски производител на лешник 🌿✅

– да употребувате само органска заштита и прихрана ♻️✅

Заинтересирани лешникари може да не контактираат на телефон 078233073 или на маил [email protected]

Местата за договорно производство се ограничени.

Ве очекуваме!

Со среќа да е на сите кооперанти и успешна берба!

Платформата Агротим ќе биде дел од ова Договорно производство преку поддршка и промоција на проектот, информации околу набавка на садници, правилно извршување на агротехничките мерки, помош на производителите при аплицирање на повикот за Мерка 1 од ИПАРД и други мерки од Владата.

Во текот на утрешниот ден следуваат повеќе информации околу условите и можностите кои ги нуди овој значаен проект.

Нелкоски Органик Фуд е македонска комапнија лоцирана во с. Дрслајца Струшко, која произведува органски лешник со врвен квалитет. Од истиот прави путери и намази, кои завршуваат на македонскиот и на европските пазари. Брендот на ЗАУМ путерите и лешниците се нивна креација со која сакаат да го задржат највисокиот квалитет, но и традиционалниот вкус на домашно печен лешник. 

Започнале со мал насад, а денес имаат 110 000 м2 или 11 хектари со лешникови насади. Насадите се со органски сертификат но и со сертификат за БИО Свис производстство.

– Ние сме во соработка со доста земјоделци со цел истите да ги подготвиме да произведуваа согласно ЕУ стандардите и Био Свисс стандардот, кој се една од најголемите карти за сигурен откуп на оваа земјоделска култура.  Долги години работам на полето со ЕУ проектите и за мене е познат концептот на проект и проектен менаџмент од практична гледна точка. Запознаен сум со стратешките документи и насоки на ЕУ во областа на развојот на зелени економии и иновативни компании од различни области – вели Нелкоски во интервју за Иновативност.

-Веќе ни е проектирана поддршка на земјоделци преку нивна сертификација за органско производство. Тоа е со цел да се зголеми базата на добавувачи и поддршка на локалните производители.  Ние цело време следиме каде се движи светот и сакаме да бидеме во тек со тој напредок. За таа цел, направивме промена на дел од нашите насади со најновиот вид на лешник Тонда Франческана, кој е најдобра сорта на лешник во светот во овој момент, според родност, квалитет и отпорност на временски непогоди. Тоа е еден вид мајбах во светот на лешниците.  Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура. Од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. Нашиот лешник е доста квалитетен. Во доста ставки е поквалитетен и од турскиот лешник, вели Нелкоски.

На швајцарскиот пазар, како што посочи, се откупуваат околу четиристотини до петстотини тони органски лешник. 

-Во овој момент сме подготвени да извозиме органски лешник по нивниот квалитет, околу десетина до дваесет тони. Бараме да можеме да извозиме барем половина од тој потенцијал и да станеме партнер на оваа швајцарска компанија, а Македонија да стане препознаена како производител на лешник на територија на Европа, што е многу значајно, нагласи Нелкоски.

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:договоризумимелешникНелкоски Органикорганскиоргански лешникоткуп
Претходен напис Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Следен напис Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?