Дефинитивно е потврдено дека доколку на неискористените парцели во градовите би се започнало со одгледување на овошје и зеленчук, на пример во градот Шефилд би се направил простор од 98 метри квадратни по жител за одгледување на храна што е дури четири пати повеќе од досегашните површини.
Одгледувањето на овошје и зеленчук на неискористените зелени површини во британскиот град Шефилд , би можел да се зголеми, а со тоа и да се подобри снабдувањето со храна за 90 000 луѓе, односно за 15 % од жителите на овој град се вели во најновото истражување.
Имено како што пишува sciencedaily, само 16 % овошје и 53 % зеленчук што се продава во земјата е од домашно производство, досека се останато се увезува.
Поради тоа научниците од Универзитетот во Шефилд направија истражување во кое се вели дека, може да се одгледува храна тука во градот, па дошле до заклучок дека многу паркови, и голем простор покрај патиштата се неискористени, а имаат одличен потенцијал за производство.
10 % од неискористениот простор би можел да прехрани 87 375 луѓе
„ Моментално Велика Британија целосно е зависна од сложените меѓународни ланци за снабдување, но истражувањата покажуваат дека постои повеќе од доволно простор за одгледување на на она што и треба“ вели научникот dr. Jill Edmondson идодава дека со обработување на мал процент од расположливото земјиште би можело позитивно да се влијае на здравјето на градското население, да се подобри опкружувањето и да се помогне во изгрдба на независен прехрамбен систем.
Во истражувањето користел податоци од Ordnance Survey и Google Earth и заклучил дека доколку на неискористените парцели во Шефилд би се започнало со одгледување на храна ќе биде 4 пати повеќе од сега.
„Кога би се одвоиле само 10 % од тие површини би можело да се обезбеди доволно храна за 87 375 луќе, ако би се искористил 100% овој простор тогаш би имало храна за 709 000 луѓе “ заклучил научникот.
Рамните кровови како идеални градини
Студијата исто така направила истражување околу потенцијалот на рамните кровови за правење на градини користејќи го методот на хидропоници на зградите и куќите.
Овие техники можат да овозможат одгледување во текот на целата година со минимални потреби за осветлување, и со собирање на дождовницата за наводнување. Во Шефилд пронајдени се рамни кровови со вкупна површина од 32 хектари.
„ Велика Британија во моментот увезува 86% домати, а ко се зголеми производството на домати на рамните кровови за само 10% би се задоволиле потребита за 8 % од населението. Ако пак се искористат ¾ од потенцијалните површини , би можеле да се прехранат 60 % од луѓето“, вели Данкан камерон професор и директор на Институтот за одржлива хранана Универзитетот во Шрефилд.
„ Треба да се случат значителни културни и општествени промени за да почне да се искористува огромниот потенцијал на нашите градови. Многу е важно наскоро да почнат да сорабутуваат и властите и да најдат вистинска рамнотежа помеѓу зелените површини и градинарството“ заклучува Камерон.
Извор:Агроклуб.рс
