Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недимовиќ: Рекорден извоз на храна во Србија, заработката надмина пет милијарди долари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Недимовиќ: Рекорден извоз на храна во Србија, заработката надмина пет милијарди долари
Агровести

Недимовиќ: Рекорден извоз на храна во Србија, заработката надмина пет милијарди долари

Објавено 03/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, изјави дека Србија во текот на 2021 година извезла храна во вредност поголема од пет милијарди долари, што e најмногу во историјата

„Очекувам резултатите во следната година да бидат уште подобри, бидејќи храната ќе биде важна дури во пост кoвид периодот“, изјави Недимовиќ во гостувањето на телевизија Прва. Тој истакна дека министерството се обидува во земјоделството да донесе што повеќе млади луѓе и да дава добри субвенции за стартапи во земјоделството.

Србија во 2021 година идентификувала 1350 ха напуштено земјиште, а министерот за земјоделство вели дека тоа земјиште оди под закуп преку електронск лицитации.

„Ја гледав електронската лицитација во Вршац на која државата одлично помина. Земјиштето беше давано под закуп по цени од 35.000 до 151.000 по хектар за една година. Во друга општина сите парцели се издавани по 60 до 70.000 годишно. Ако не им се исплати на луѓето, не би плаќале толкава закупнина“,заклучува Недимовиќ.

Тој додава дека во земјоделството очигледно има пари и дека допрва ќе ги има, бидејќи како што вели тој, храната ќе биде сѐ поважна и поскапа. Тоа особено важи за пченицата, пченката и други житни култури, истакна Недимовиќ.

Рече дека неговото министерство во целост е подготвено за „Отворен Балкан“ и пласманот на храната во рамки на оваа иницијатива.

„Кога ќе се срушат границите во фитосанитарниот систем само небото е граница во поглед на храната. Нам ни е цел во наредната година, две да ја подигнеме трговијата со храна помеѓу овие три земји од 420 милиони на милијарда долари“, посочи Недимовиќ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:недимовиќсрбија
Претходен напис Протест на дебарските ловџии поради повисоките цени на дозволите
Следен напис Кина сака да одобри одгледување ГМО пченка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?