Продолжува најнеизвесната сезона за житните култури и нивните цени. Пазарот една недела бележи раст, па пад, па повторно оди нагоре. Така е и деновиве. Повторно поскапуваат пченицата, пченката и маслодајната репка.
Причините главно се веќе познати, а како што одминува времето, предвидувањата на аналитичарите ги потврдува и самиот пазар. Најновите информации доаѓаат од САД, каде што состојбата со залихите на житарки и соја е прилично лоша. Дури и ако жетвата на пченицата таму биде добра, понудата на глобалниот пазар е сè уште несигурна.
Веста која ќе има влијание доаѓа од Грузија, чија влада ќе го забрани извозот на пченица и јачмен до 1 јули 2023 година, повикувајќи се на глобалното прашање за безбедноста на храната, предизвикано, како што посочуваат во нивната уредба, со војната меѓу Русија и Украина. Оваа одлука стапува на сила на 4 јули 2022 година, соопшти Georgiatoday.
Најмногу порасна цената на маслодајната репка
Цените на пченицата за новите посеви на европскиот пазар се зголемија за речиси 7 евра на 356,75 евра по тон, а на пченката за 3,5 евра или 303,50 евра/т. Маслодајната репка, по минатонеделниот пад, забележа најголем скок за речиси 16 евра и сега тон чини 697,25 евра, наведува Агрархеуте.
USDA ја намали оценката на залихите на пченка од добра на одлична за 3 процентни поени на 67 проценти. И жетвата на соја падна за 3 поени на 65 отсто.
Таму се ожнеани 41 отсто од зимската пченица, а само 30 отсто од преостанато е во добра или одлична состојба, што е значително помалку од 48 отсто во истиот период лани.
Рекорден руски извоз и покрај санкциите?
Кога станува збор за украинските житарки, преговорите за транспорт се уште се во тек.
Украинскиот извоз на оваа стока падна за околу 44 отсто на годишно ниво на 1,11 милиони тони во првите 22 дена од јуни, покажаа податоците на Министерството за земјоделство.
Од друга страна, Русија би можела да има рекордни 41 милион тони пченица на располагање за извоз во 2022/23 година, што е за 25 отсто повеќе од тековната сезона, и покрај сите санкции и други предизвици, пренесува Agriculture.
