Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко
Пазари

Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко

Објавено 05/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Раноградинари од струмичкото село Куклиш реагираат дека не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко, која вчера почнала да се откупува по десет денари за килограм, иако на почетокот на минатата недела беше договорено откупната цена да изнесува 15 денари до 20 април.

– Поголем дел од нашите производи се извезуваат директно од откупните центри, а повеќето од нив не ја сообираат пролетната зелка, додека дел од нив ја откупуваат за 10 денари по килограм што е за пет денари помалку од договорената цена од Министерството за земјоделство, која требаше да биде применувана до 20 април. Ние го повикуваме министерот и заменик-министерот да преземат мерки во најбрз можен период, стои во јавното обраќање на раноградинарите од село Куклиш.

Откупувачи, со кои разговаравме, потврдија дека од вчера пролетната зелка се откупува за десет денари за килограм. Според нив, тоа се должи на намалената побарувачка од пазарите каде се извезува зелката, но и на неединството на откупувачите.

-Реално е трговци кои купуваат од нас да бараат пониски цени, бидејќи факт е дека побарувачката за пролетната зелка од ден на ден е се помала. Но, мора да се истакне дека откупувачите не се единствени во понудата кон странските пазари и не се придржуваат на договорената цена од 15 денари за килограм. Кога некој од станство ќе побара зелка и понудата од сите ќе биде 15 денари, тогаш нема да бара поевтина цена, туку ќе мора да купи по договорената цена, ни рекоа повеќе откупувачи од Струмичко.

Инаку, откупната цена од 15 денари за килограм пролетна зелка беше договорена минатиот вторник на средба на отупувачите и министерот за земјоделство во Скопје.

МИА

Може да ви се допадне

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 
Состанок на сточарите и претставници на кланиците во МЗШВ
Најдобрите партнери на земјоделците се извозниците, тие го решаваат пласманот на производите на странските пазари
Таг:зелкапласмантрговци
Претходен напис МН Компани: Срамота е колеги да ги уценувате земјоделците за 10 денари да ви ја носат зелката, институциите да реагираат веднаш
Следен напис Расадник за производство на цвеќе, зимзелени и декоративни растенија – „Ристови“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?