Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто
Агровести

НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто

Последна измена: 30/05/2025 13:18
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто,  соопшти Народната банка.

Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти. 

Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто, и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,04 процентни поени и 0,40 процентни поени, соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, забележала месечен раст од 0,02 процентни поени и изнесува 2,20 отсто, при годишен раст од 0,38 процентни поени.

Според Банката, во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,87 отсто и остварила пад од 0,39 процентни поени и 1,60 процентни поени на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34 отсто и бележи месечен раст од 0,10 процентни поени, додека на годишна основа е намалена за 0,20 процентни поени.  

Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,04 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,73 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, пак, е намалена за 0,03 процнтни поени на месечно ниво и изнесува 2,62 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

Снег падна во Словенија сред лето
Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
Повторно функционален и пуштен во употреба мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес
АМСМ: Нормален режим на сообраќај на делница Башино Село – Велес
Таг:априлдепозитикаматна стапкаНБ
Претходен напис ФИТР ги награди 6-те најуспешни иницијативи за поттикнување на младите во истражување и иновации во Западен Балкан
Следен напис Прскање против комарци на неготинско подрачје в понеделник 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?