Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР ги награди 6-те најуспешни иницијативи за поттикнување на младите во истражување и иновации во Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР ги награди 6-те најуспешни иницијативи за поттикнување на младите во истражување и иновации во Западен Балкан
Агровести

ФИТР ги награди 6-те најуспешни иницијативи за поттикнување на младите во истражување и иновации во Западен Балкан

Објавено 30/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги додели наградите од повикот „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан” на кој шест најуспешни иницијативи добија награда во вредност од 18.000 евра, како признание за напорите и успехот во создавање на вредности и нови можности за младите во Западен Балкан.

Покрај паричната награда, шесте наградени ќе бидат вклучени во петмесечна комуникациска кампања преку социјалните медиуми, со цел подигнување на јавната свест за улогата и важноста на младите во иновациските процеси. Наградите се дел од европскиот проект POLICY ANSWERS во кој Фондот ја доби главната улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан.

Главниот добитник на награда во вредност од 8.000 евра е иницијативата „Одржливо управување со електронски отпад – услуга за поправка и правилно отстранување на oтпад од електрична и електронска опрема во Источна Македонија”. Се работи за платформа која им овозможува на младите да се стекнат со знаења, вештини и практични исуства во сферата на циркуларна економија и поттикнување на еколошка одговорност.

Преку проектот се собрани 1500 кг отпад од електрична и електронска опрема, од кои 90% се дијагностицираат и селектираат, а 10% се враќаат во употреба. Кампањата за подигнување на јавната свест придонесе за зголемено учество од 50% во локалните акции за чистење и селекцијата на електронскиот отпад. Со обука за електронско поправање на различни електронски уреди беа обучени 6 млади луѓе, со што се отворија можности за вработување и пракса во зелени работни места.

„Овие награди претставуваат дел од пошироката визија на ФИТР за поддршка на младинскиот потенцијал и регионалната соработка. Денес ја славиме вашата храброст, труд и верба дека иновациите можат да направат вистинска разлика. На сите тимови и млади лидери кои беа дел од ова патување – ви благодарам за вашата страст. Сигурен сум дека вашите идеи ќе имаат значајно влијание во иднина” истакна директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Никола Додов во своето обраќање кон финалистите на натпреварот.

Покрај главната награда, беа доделени уште пет награди од 2.000 евра на иницијативи кои демонстрираа влијателност и ангажман на младите во клучни општествени предизвици, и тоа: „Лансирање на кариера”; „Вовед во Индустрија 4.0 во Босна и Херцеговина преку знаење”; „ТвојаРабота II – Младите ја надминуваат невработеноста на регионално ниво преку можности за работа на Балканот”; „Награда за социјално влијание (SIA)” и „Фашиорејшн”.

Натпреварот се организираше во периодот од 18 Февруари до 18 април 2025 година, на кој пристигнаа вкупно 65 иницијативи од економиите на Западен Балкан. Во финална селекција беа одбрани 12 иницијативи кои ги презентираа своите проекти пред жири комисија, кои ја донесоа и финалната одлука за избор и селекција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Западен БалканиницијативииновациинаградиФИТР
Претходен напис Од 10:50 часот, сообраќајот за ТМВ на патниот правец кон ГП Блаце се пренасочува поради сообраќаен метеж
Следен напис НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?