Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наумоски од Витаминка: Цената на маслото за јадење намалена за 40 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наумоски од Витаминка: Цената на маслото за јадење намалена за 40 денари
Агровести

Наумоски од Витаминка: Цената на маслото за јадење намалена за 40 денари

Објавено 26/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка”, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант” во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминкa“.

–Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.

Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ.

Ковачевски: Намалување на цените на основните прехранбени производи е очекувано со успешните антикризни владини мерки

Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа.

-Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва и втора класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски.

Премиерот додаде ако за некои фирми има застој за инсталирање на фотонапонски централи, тогаш какошто вели веројатно се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:витаминкамасло за јадењемзшвструјасуровинацена
Претходен напис Бочварски: Поедноставените процедури даваат резултати, се зголемува интересот кај граѓаните и компаниите за поставување на фотонапонски централи
Следен напис Ковачевски: Намалување на цените на основните прехранбени производи е очекувано со успешните антикризни владини мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?