Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Натпревар за нов рецепт за ѓеврек „Сите сме во кругот“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Натпревар за нов рецепт за ѓеврек „Сите сме во кругот“
Магазин

Натпревар за нов рецепт за ѓеврек „Сите сме во кругот“

Објавено 13/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Натпревар за нов рецепт за ѓеврек „Сите сме во кругот“ во организација на АРНО денеска беше промовиран во средното угостителско училиште СУГС „Лазар Танев“. Натпреварот, кој се спроведува во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“, е отворен до 5 декември, а право на учество имаат сите жители од Скопски плански регион со наполнети 18 години.

Согласно правилата на натпреварот продуктите од кои ќе се прават ѓевреците треба да се тежнее да се од локално потекло, а победникот ќе има задолжение да ги научи младите ученици (готвачи и пекари) како се подготвува рецептот. За него е предвидена награда во вредност од 200 евра за пишаниот победнички рецепт, и надомест во вредност од 200 евра за одржаните обуки за учениците. 

-Веруваме дека Скопјани се креативни, и ова е нашиот прв гриз подлабоко во зелено социјално претприемништво. Има голема симболика зошто токму ѓеврек. За сега сакаме да пренесеме дека сите сме во кругот. Треба да се гордееме со традицијата, но мора и да иновираме. Мора да купуваме локално, да јадеме локално, да мислиме на животната средина, и да мислиме на нашата иднина. Во периодот кој следи АРНО планира да донесе една нова економска теорија, но за тоа, одиме залак по залак. За почеток, ајде да измислиме ѓевречиња со нови вкусови, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Директор на СУГС „Лазар Танев“ Небојша Вуковиќ порача дека денеска се  официјализира повторната соработка на училиштето со АРНО, која трае 10 години. 

-Искрено се надевам дека овој проект ќе биде успешен, затоа што се занимава со една традиција, а се обидува да иновира. Се може да се смени. Ајде да видиме колку ќе бидеме креативни, изјави Вуковиќ.

Ученикот-готвач Никола Марковски (15г) ги повика сите „да си поиграат со тестото“.

-Иако јас сум ученик и ќе бидам дипломиран готвач сакам да ги повикам сите да поиграат со тесто и да смислат нешто ново. Нашата земја има многу продукти. Може место сусам да се стави сончоглед, или намаз од сирење, или свеж зеленчук. Да се готви значи да се биде креативен, изјави Марковски.

Проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ е инспириран од потребите да се подобри имиџот на стручното образование, да се охрабрат младите готвачи и пекари за кариерен развој и да се подготви терен за ново социјално претпријатие.

„Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ е иницијатива на АРНО, која се имплементира во соработка со СУГС „Лазар Танев“- Скопје што се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот „Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.

Проектот се фокусира кон подобрување на вештините и знаењата на учениците од СУГС „Лазар Танев“ преку презентирање на концептот на социјално претприемништво, подигање на свеста за социјално претприемништво, неформално образование, мотивирање на учениците за кариерен развој, промовирање успешни приказни од кулинарски социјални бизниси, и сето ова со ГОЛЕМ акцент на еко-практики во овие области.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ѓеврекнатпреваррецептСите сме во кругот
Претходен напис Од ноќеска поевтинуваат бензините и дизелот
Следен напис Сончево и релативно топло, температура до 21 степен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?