Вакцината против африканска свинска чума помина важен тест потребен за регулаторно одобрување, соопштија истражувачите од Службата за земјоделски истражувања на (ARS) на американското Министерство за земјоделство (USDA). Со овој чекор се поблиску до добивање дозвола за комерцијална употреба.
Потребно е тестирање
Водечкиот научник на ARS, Даглас Гладу, истакна дека во случајот со овој конкретен прототип на вакцина, наречена ASFV-G-DI177L, отстранет е ген што му отежнува на вирусот повторното да се врати. Затоа, враќањето во првобитната форма и враќањето во нормална вирулентност по инјектирањето кај свињите е малку веројатно, но потребно е тестирање.
Ослабениот сој го задржува најголемиот дел од својот генетски состав, но може да биде генетски изменет кога е изложен на надворешни фактори. Живите, атенуирани вакцини се ослабени верзии на вирусот што може да се користат како такви бидејќи живиот вирус на вакцина не предизвикува болест и сепак обезбедува имунитет.
Идната комерцијална употреба ќе зависи од одобрението на регулаторните органи за здравјето на животните во секоја земја.
Како што знаеме, африканската свинска чума е многу заразен вирус кој продолжува да се шири, а потекнува од Африка.
Во јануари 2022 година, АСЧ генотип II беше пријавен во Италија по околу 40 години отсуство. Во истиот месец и Македонија ја пријави болеста.
Голем проблем е ширењето на вирусот преку дивите свињи. Затоа, преземени се обемни акции, истражување и обука на ветеринари и одгледувачи како да ги препознаат симптомите на болеста и за ловџиите како да ги препознаат труповите на дивите свињи кои угинале од оваа болест.