Младиот пчелар Ненад Јанчов од с. Грљани, Виница своето професионално пчеларење го започнува пред неколку години по учеството на обука за млади пчелари организирана од страна на Програмата за зачувување на природата.
Селото Грљани, сместено на тромеѓето меѓу Осоговските планини Плачковица и Голак на 750 мнв дава одлични можности за развој на пчеларството. Поседува околу 120 пчелни семејства на три различни локации, пчеларници, каде што произведува висококвалитетен шумски мед.

Како што вели Ненад, неговото семејство долги години се занимава со пчеларство, но на традиционален начин.
По учеството на неколку напредни обуки за производство на дополнителни пчелни производи како матичен млеч, перга, прополис….. како и со учеството во научно-аликативното истражување на Програмата за Зачувување на Природата во соработка зо Земјотелски факултет Скопје за примена на биотехнички методи во пчеларството за работа без употреба на хемиски средства кои се штетни најпрво за човекот но и за пчелите и природата, доаѓа наградата златен медал за квалтет на шумски мед на натпревар во Нови Сад Србија во 2019 г. како печат на целата напорна работа.
Во целиот процес на развој најголема поддршка му дава пчеларското здружение Меден Исток, уште една потврда за значењето и потребата за здружувањето на младите земјоделци.

Но како и секоја друга гранка од земјоделството и пчеларството се соочува со свои проблеми.
Младиот Ненад како главен проблем ја посочува потребата од донесување на закон или уредба за контролирано хемиско третирање на овоштарниците во даден временски период, бидејќи ова заедно со непогодните климатски фактори придонесува за големи загуби во пчелните семејства за кои не добиваат никакво обештетување од државата.

-Совет до сите млади – секој кој сака да почне со каква било работа, не само со пчеларство, ви препорачувам колку е можно повеќе да се едуцирате и доколку има обуки и семинари на областа што сакате да ја почнете посетувајте ги, многу се учи од нив- порачува Ненад.

