Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Насер Џемаили: Како Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ не радува дека приоритет на новата Влада ќе биде земјоделството и сточарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Насер Џемаили: Како Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ не радува дека приоритет на новата Влада ќе биде земјоделството и сточарството
АгровестиСточарско производство

Насер Џемаили: Како Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ не радува дека приоритет на новата Влада ќе биде земјоделството и сточарството

Објавено 26/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во просториите на МЗШВ се одржа работна средба на одгледувачите на овци со министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Според изјавата на Насер Џемаили – потпретседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, на средбата фармерите го запознале министерот со моменталната состојба во овчарството, проблемите со кои се соочуваат, а разговарале и за очекувањата на фармерите околу мерките на Владата и соработката со ресорното министерство.

– Се радуваме како Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ дека оваа Влада приоритет ќе го има земјоделството и сточарството. Денеска ни беше прв состанок со новиот министер каде што зборевме за сите проблеми во сточарството. Ги забележавме проблемите кои се со приоритет, исплатата на сите заостанати субвенции од 2021 до 2023 година. Министерот ни вети дека ќе има исплата на неколку мерки во следните 10 до 15 дена, а другите ќе бидат расчистени после ребалансот на буџетот. Разговаравме и на други теми, за кои ќе информираме подоцна откако ќе ги направиме следните чекори во нашата заедничка работа со министерството – изјави за Агротим, Џемаили.

И министерот Трипуновски на Фејсбук информираше за средбата со одгледувачите на овци.

„Започнуваме со исплата на заостанатите субвенции за 2023 година, субвенциите за предадено јагне во кланица, се обврзавме да се креира посебен јавен повик за закуп на државно земјиште наменето за сточарите. Овие состаноци ќе бидат пракса и се почести во иднина. Ја зголемуваме грижата за македонските сточари и нивната вклученост во функционирањето, нивниот глас е слушнат, а нивното мислење е важно“ – напиша Трипуновски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:владамзшвовчарствоприоритетсојуз на одгледувачи на овци
Претходен напис Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ја проширува мрежата со нови услуги, обука за постигнување на ХАЛАЛ стандард
Следен напис Единствено во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ! LOVOL RG108 PLUS КОМБАЈН ЗА ОРИЗ – Конфигурација со висок стандард
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?