LOVOL е најголем производител на земјоделска опрема во Кина. Производството на комбајни
опфаќа различни типови и опции за жнеење и силажење на посевите.
Kомбајнот LOVOL RG108 PLUS интегрира „висока ефикасност, високи перформанси, висок квалитет,
висока удобност и висока безбедност. Најновата верзија на овој модел, најмногу користен за
жнеење на ориз, дава целосна претстава за потенцијалот на секој модул. Во однос на
конфигурацијата, LOVOL RG108 PLUS е лидер во индустријата како модел доверлива машина без
никакви недостатоци.

Kомбајнот LOVOL RG108 PLUS поседуца моќен и ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS
технологија со турбо и моќност од 74kw/100hp, водено ладење и комон реил систем, кој не само
што ја зголемува продуктивноста, туку и овозможува да се движи низ тешко достапни предели.
Трансмисијата LOVOL R80 и јапонскиот YANMAR 50cc HST хидростатички преносен систем се силна
движечка сила и ја зголемува брзината на двостепениот пренос на хедерот што значително ја
подобрува ефикасноста на оризовата берба. Конструиран е од високо квалитетни материјали и
компоненти, робусна конструкција која ги издржува најтешките теренси услови и обезбедува долг
работен век. Оригиналните центрифугални, цилиндрични и двојни вентилатори имаат одличен
ефект за чистење и издвојување на плодот.
Комбајнот LOVOL RG108 PLUS располага со простран и удобен работен простор со ергономски
дизајн, систем за вентилација, удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за
време на долгите часови на терен.
Kомбајнот LOVOL RG108 PLUS е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во
Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови

Спецификација за Kомбајн LOVOL RG108 PLUS:
- Mоќност на мотор, 74kw/100hp
- Тежина на комбајн, 3400kg
- Димензија (ДxШxВ), 5200x2410x2750mm
- Kaпацитет на жнеење, 5kg/s
- Капацитет на сандук, 1,6m3
- Висина на истовар, 0,9-4,2m
- Работна ширина на хедер, 2200mm
- Гумени гасеници со димензија, 550x90x56
- Растојание помеѓу гасеници, 1250mm

За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
075/468-450; 072/261-251; e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи безмалку 20 години на Нашиот пазар
и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори,
земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе поснати и реномирани брендови како
LOVOL, POLARIS, ODES, OKAY Economic, AGROKUN и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои
вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни
сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да
одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои
одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и
квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
www.najkprom.com.mk
Facebook
Instagram
