Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Насадите од лешник – бизнис на иднината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Насадите од лешник – бизнис на иднината
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Насадите од лешник – бизнис на иднината

Објавено 26/10/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога зборуваме за нов и профитабилен агробизнис не може, а да не се спомене подигањето на насади со лешници.

Еден од најрепрезантативните насади со лешници се наоѓа во Струга во сопственост на Макс Сефери. Пред да започне да се занимава со овој агробизнис Сефери правел анализи 12 години. Ги следел климатските услови , потоа испитувал кои сорти најдобро успеваат, кои сорти би имале пласман во индустријата, а истовремено би се користеле и за консумација. Овој дел е исклучително важен затоа што само така производителите можат да бидат сигурни за пласманот на своите производи.

Во продолжение неговото искуство со овој агробизнис:

Сите направени анализи  во соработка со Универзитетот во Љубљана потврдиле дека од 16 сорти на лешници на овие простори најдобро успева сортата ,,НОЧИОНЕ“ Се работи за резистентна сорта, со богат род, со плод со средна големина кој може да се користи и во индустријата и за консумација.

Моментално производството на лешници кај нас не е доволно за да ги задволи побарувањата на странските фабрики за чоколада. За да се задоволат нивните потреби странските побарувачи се спремни да им помогнат на земјоделците кои ќе се одлучат да одгледуваат лешници за нивни потреби.

Насадите со лешници во принцип се лесни за одгледување. Не бараат многу работа , ниту пак прскање со хемиски препарати (најмногу 2-3) пати годишно ако во близина има други видови  на овошни насади.Од прилика ангажманот околу насадите со лешник е 80 % помал одколку во овоштарниците со јаболка.

На површина од  1 ха. , ако се сади на растојание на 4 x 4 мeтри се потребни 600 садници. Цената на една садница е 3 евра од кои државата преку ИПАРД програмата за нов насад покрива 60% од сумата.

Односно:

За 1 ха Лешник вкупна инвестиција     изнесува околу     3000 евра

Очекуван принос:

4 година            2кг/стебло      вкупно            1,2 т.

7 година              8кг/стебло     вкупно            5т.

Бизнисот со лешници започнува по четвртата година кога ќе започне со род. Но треба да се напомене дека држават секоја година дава од прилика по 550 евра субвенции што се сосема доволни за одржување на насадите.

После седмата година лешникот започнува со својата максимална родност така што на некои стебла може да достигне и по 25 килограми од стебло, што е одлична заработка.

Мора да се напомене дека лешникот е траен производ и не се расипува брзо како другите типови на овошје. Тоа му остава простор на производителот самиот да одлучи кога и за колку пари ќе ги предаде лешниците. Лешниковите насади можат да се експлоатираат во наредните 70 до 80 години без никаков проблем.

Климатските услови во РСМ се такви да речиси целата територија на нашата држава одговара за одгледување на лешници.

Побарувачката на лешници во европските земји е прилично голема . Моменталната цена на берзата е околу 2,7 евра и во последните 10 години не се спуштила под 2,5 евра. Треба да се напомене дека оваа цена е за преработувачката индустрија додека цената на лешниците за конзумација достигнува и до 4 евра.Исто така лешниците во последно време се барани и во козметиката и во фармацевтската индустрија.

Фирмата А.Л Јунајтед од Струга им стои на располагање на сите заинтересирани кои сакаат да подигнат насад со лешници , почнувајќи од садници па се до  склучување на договори за сигурен  пласман.

Kонтакт: 071 997-210

Извор: Канал5

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
Таг:лешникнасадоткуппласманпроизводсубвенции
Претходен напис Новиот модел на земјоделство ги здружува компаниите, задругите и фармерите
Следен напис Европа има недостиг од цреши, увозот ќе се зголеми
2 коментари 2 коментари
  • Boban напиша:
    на 15/09/2020 г. во 16:18 часот

    Zdravo imam nasad na lesnik PA bi sakal da prasam za otkup na lesnik rasadot e vo 5 God. Vo momentov imam okolu 120kg nekrsen pozdrav

    Reply
  • Robert напиша:
    на 04/07/2021 г. во 17:09 часот

    Dobar den gospodine ako moze email da mi napises tvoj da te prasam nesto informativno za lesnicite

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?