Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот
Агровести

Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот

Објавено 17/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Успешно се спроведува проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија. Одржана презентација на експерти од Банката на Литванија.

Развивањето на платните системи, создавањето простор за унапредување и развивање на пазарот на платежни услуги и поддршката на примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор се дел од приоритетите на Народната банка. На нив се фокусирани и значителен дел од активностите во рамките на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија.

Во рамките на овој проект, Народната банка активно соработува и со Банката на Литванија, со којашто е направено и согледување на нашето досегашно искуство во оваа сфера, досегашната соработка со финтек-компаниите и на постојната регулаторна рамка, како и на очекуваните промени во сферата на плаќањата во контекст на претстојното спроведување на концептот на отвореното банкарство.

На 15 октомври 2020 година, како дел од проектот беше организиран настан во виртуелен формат на којшто посебно внимание му беше посветено на искуството на Банката на Литванија како поддржувач на финтек-секторот. Притоа, посебен акцент беше ставен на платформата во Литванија за комуникација помеѓу иновативната бизнис-заедница, централната банка и другите релевантни институции, каква што е и Портата за иновации којашто Народната банка ја отвори кон крајот на минатата година. Искуството покажува дека ваквите платформи се многу важни за поставување соодветна регулаторна рамка којашто ќе поддржува иновативни решенија, притоа водејќи сметка за потенцијалните ризици.

Имајќи ги предвид промените коишто ги предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, на којшто Народната банка работи заедно со Министерството за финансии, во презентацијата посебно беше истакнат  литванскиот платежен пејзаж и активностите на платежните институции, институциите за електронски пари и новите финтек-компании. Во овој контекст, се разгледаа можностите, но и предизвиците со коишто се соочуваат земјите при воведувањето на ваквиот пристап во областа на платежните услуги и системи. Инаку, носењето и спроведувањето на новата регулатива кај нас ќе придонесе за транспонирање на најновото европско законодавство во оваа област и создавање услови за значајни промени во прилог на дигитална трансформација и поголема конкуренција.

Одделно беа презентирани и искуствата во сферата на заштитата на потрошувачите, што беше од посебно значење за експертите од нашата земја, имајќи предвид дека Народната банка сѐ повеќе ги зголемува своите активности во овој домен. За таа цел неодамна е формирана и посебна работна група којашто треба да изготви и предлог-рамка на активностите во сферата на заштитата на потрошувачите, при што ќе бидат земени предвид и искуствата посочени во оваа презентација.

Презентацијата беше мошне корисна и во контекст на подготовката на Стратегијата за примена на финансиски технологии, којашто е дел од Програмата на Народната банка.

Имајќи ја предвид потребата од координирано дејствување во натамошните чекори за поддршка на домашниот финтек-сектор, на настанот, покрај експертите од Народната банка, беа поканети и претставници на деловните банки, штедилниците, Македонската банкарска асоцијација, како и претставници на повеќе институции и професори и студенти од економските и правните факултети во земјата.

Инаку, твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, покрај на платежните услуги и системи, е фокусиран и на статистиката на финансиските сметки, активности во сферата на регулативата и супервизијата на банките и на истражувачки активности за анализа на политиките.

Во спроведувањето на проектните активности, партнери на Народната банка се централните банки на Германија и Хрватска, а во дел од активностите покрај експерти од централната банка на Литванија, вклучени се и експерти од централните банки на Белгија, Португалија, Романија, Холандија, Словачка и Грција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активностиНБРСМплатежни услугиподдршка
Претходен напис Магарето и ние
Следен напис Анализа: Платите во текстилната и кожарската индустрија не се намалија поради владините мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?