Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализа: Платите во текстилната и кожарската индустрија не се намалија поради владините мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анализа: Платите во текстилната и кожарската индустрија не се намалија поради владините мерки
Агровести

Анализа: Платите во текстилната и кожарската индустрија не се намалија поради владините мерки

Објавено 17/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Корона кризата удри врз трудоинтензивните гранки, особено врз текстилната и кожарската индустрија, покажа анализата „Влијанието на КОВИД-19 врз ниско платените и трудоинтензивни гранки“ што ја изготвија здружението „Гласен Текстилец“ и фондацијата Фридрих Еберт од Скопје.

Анализата направена во периодот 10 март – 10 јуни, денеска беше презентирана на 4. Текстилијада во Штип.

Според поранешниот министер за финансии и универзитетски професор, Никола Поповски. економските параметри покажуваат дека во првото тромесечје во овие две индустрии ударот не се почувствувал, зашто кризата почна во март, но во април, мај и јуни, ударот бил голем.

-Има големо намалување на бруто домашниот производ во текстилната и кожарската индустрија. Исто така има прилично големо намалување на физичкиот обем на индустриското производство, како резултат на тоа е намалена бројката на работници во овој сектор. Тоа се сериозни показатели за надолна линија, истакна Поповски.

Нивото на платите изминатите месеци не паднало, како што е случајот со БДП и физичкиот обем на индустриското производство.

-Платите не се намалија, анализата покажува не заради резултатите, тоа е невозможно, туку заради владините мерки кои беа насочени да ги зачуват, заштита вработените и со субвенции се задржа нивото на платите, за оние коишто остана на работа, рече Поповски.

Тој смета дека треба да се наоѓаат нови решенија и како овие гранки да се трансформираат постепено, доколку корона кризата продолжи уште една или две години. Ако Владата има проекции дека пандемијата ќе трае и во 2021 година, во тој случај треба да скрати одредени буџетски трошоци.

-Тоа е природно, јас не гледам на пример потреба од културни манифестации, спортски манифестации, уметнички, некои делови од општеството што ги финансира Владата. Доволно е платата, но не и трошоците за одржување на манифестациите, оцени Поповски според кој закрепнувањето ќе трае долго време затшто пазарите се губат, а навиките на граѓаните полека ќе се менуваат. Во моментов сите парите ги трошат за домување, храна, лекови, заштитна опрема, а штедат на облека.

Донче Стаменков, адвокат на „Гласен текстилец“ вели дека во време на коронакризата му се скратија правата на работникот. Голем е бројот на работници кои побарале правна помош. За дел од случаите веќе е почната судска постапка, а за еден е изречена и кривична пријава..

-Тоа се одрази врз пазарот на трудот во делот на работничките права. Во оваа анализа низ конкретни примери се опфатени дел од одредени прекршувања, како остварување на права на хронично болни, остварување права на работниците при превозот организиран од страна на работодавачите, права на работниците кои се однесуваа при исплата на минимални плати и во конкретната ситуација може да се каже дека има голем број прекршувања, вели Стаменков.

Според Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, прекршување на работничките права освен во неколку фабрики во источниот регион се евидентирани и во Охрид, Гевгелија, Скопје, Битола и Гевгелија.

-Стануваше збор за спогодбени откази за коишто работничките рекоа дека немаат потпишано такво нешто, не им се продолжени договорите на определено време , како и безбедносните протоколи донесени за превозот на работничките, а не беа запазени, истакна Ампева.

Четвртата Текстилијада завршува денеска со проекција на филмот „Убивајќи го бога“. Изминатите три дена беа организирани неколку дебати, а беше промовиран и новиот стрип „Супер текстилка“, како и споменикот „Магичен конец“ посветен на текстилните работници.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анализавладини меркиплати
Претходен напис Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот
Следен напис ПАНДЕМИЈАТА како мотив за промена на навиките кон подобро!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?