Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2 отсто и во второто тримесечје од 2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2 отсто и во второто тримесечје од 2027 година
Агровести

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2 отсто и во второто тримесечје од 2027 година

Објавено 27/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на  стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2 процента од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година – соопштија денеска од Народната банка.

Стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од други земји, велат од таму, ќе се применуваат во согласност со висината на стапката која е утврдена од надлежниот орган на другата земја.

– Врз основа на движењата во банкарскиот систем и во окружувањето, вклучително и домашното, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 2 % соодветствува на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот систем. Банкарскиот систем ги задржа стабилноста и сигурноста во работењето и е добро капитализиран и ликвиден, со ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност – потенцираат од Народната банка.

Потсетуваат дека во декември 2025 година стапија во сила макропрудентните мерки со построги критериуми за квалитетот на кредитната побарувачка, чии ефекти се очекуваат во следниот период.

– Се очекува дека овие пакет-мерки, заедно со досегашните измени кај задолжителната резерва, ќе придонесат за намалување на системските ризици и ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Притоа Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика заради натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата во услови на силна кредитна активност, динамичен пазар на недвижностите и ризици од надворешното окружување, како и од домашните фактори што влијаат врз побарувачката – се вели во соопштението од Банката.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:2027 годиназаштитен слојкапиталотнародна банка
Претходен напис Нето надворешниот долг на крајот на минатата година 27,1 процент од БДП
Следен напис Мартина Михајлова и Александар Пендароски избрани за невеста и зет на Галичката свадба 2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?