Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти
Агровести

Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти

Објавено 31/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули годинава изнесува 4,68 проценти и бележи благ месечен раст од 0,01 процентен поен, додека на годишно ниво е пониска за 0,23 процентни поени, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните депозити достигнала 2,18 проценти, што е зголемување од 0,01 процентен поен на месечно ниво, но намалување од 0,03 процентни поени споредено со истиот период лани. 

Според соопштението на Народна банка, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули изнесувала 4,44 проценти, што претставува раст од 0,06 процентни поени во однос на претходниот месец и од 0,02 процентни поени на годишна основа. Кај новопримените депозити е регистриран месечен пад од 0,12 процентни поени, при што каматната стапка се спуштила на 2,42 проценти, додека на годишно ниво е повисока за 0,07 процентни поени. 

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули достигнала 4,34 проценти, што е за 0,03 процентни поени повеќе во однос на јуни, но за 0,20 процентни поени помалку во споредба со јули минатата година. Каматната стапка на новоодобрените кредити за компаниите изнесувала 4,21 процент и бележи месечно намалување од 0,04 процентни поени.

Во делот на депозитите на корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните депозити се намалила на 2,63 проценти, додека кај новопримените депозити е забележан поизразен пад од 0,22 процентни поени, при што каматната стапка изнесувала 1,98 проценти. 

Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити останала непроменета и изнесува 5,02 проценти, што сепак е за 0,26 процентни поени пониско ниво во однос на јули 2025 година. Каматната стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата достигнала 4,73 проценти и е повисока за 0,02 процентни поени на месечна основа.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата во јули се зголемила за 0,01 процентен поен и изнесува 2,11 проценти. Истовремено, каматната стапка на новопримените депозити се намалила за 0,09 процентни поени на месечно ниво и достигнала 2,65 проценти, што сепак претставува годишен раст од 0,32 процентни поени.

МИА

Може да ви се допадне

Авионски третман против комарци по третпат утре во Кавадарци 
Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола
АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
Народна банка: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество
РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
Таг:4.68 процентикаматна стапканародна банка
Претходен напис Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола
Следен напис Авионски третман против комарци по третпат утре во Кавадарци 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?