Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола
Агровести

Девет активни пожари на отворен простор во државата, три се под контрола

Објавено 31/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До 13 часот денеска во државава се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни пожари има во општините Ресен, Сарај, Зелениково, Чашка, Боговиње, Врапчиште, Ново Село, Струга и Кривогаштани.

Во Општина Ресен пожарот е регистриран кај селото Подмочани на местото викано Макази, каде гори борова шума и ниска вегетација. Активен е и пожарот на потегот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Пожар има и над селото Палиград во Општина Зелениково, каде гори мешана шума.

Активни пожари се евидентирани и над селото Нежилово во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, кај селото Градец во Општина Врапчиште, меѓу селата Барбарево и Стиник во Општина Ново Село, кај селото Долна Белица во Општина Струга и кај селото Ловени во Општина Кривогаштани.

Под контрола се ставени три пожари. Едниот е на подрачјето меѓу Општините Гостивар и Македонски Брод, во атарот на селото Трново и кон селата Битово, Заград и Страјане. Под контрола е и пожарот кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, како и пожарот на градската депонија Острец во Општина Делчево.

Изгаснат е пожарот кај клучката Арачиново – Илинден во Општина Гази Баба, каде горело ѓубре.

МИА

Може да ви се допадне

Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти
АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
Народна банка: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество
РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
По обновените напади на Блиски Исток раст на цените на нафта
Таг:активни пожариДеветдржаватаконтрола
Претходен напис АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
Следен напис Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 4,68 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?