Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Напредни лозари”: Да се најде решение за намалување на трошоците на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Напредни лозари”: Да се најде решение за намалување на трошоците на земјоделците
Агровести

„Напредни лозари”: Да се најде решение за намалување на трошоците на земјоделците

Објавено 09/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се изнајде можност за бесцарински извоз на грозјето и решение за намалување на трошоците на земјоделците, бара регионалното здружение „Напредни лозари” од Министерството за земјоделство и Владата.

Управниот одбор на здружението вчера одржал состанок и донел неколку одлуки чија цел е подобрување на состојбата во лозарството.

-Состојбата се усложнува, пред сѐ поради големиот раст на цените на енергенсите, а особено на дизел горивото како основно гориво во земјоделството, што во голема мерка го обременува производството. УО на „Напредни Лозари“ одлучи, на закажаниот состанок со министерот и неговиот тим, јасно да се посочи дека ваквата ситуација во државата никако не смее да се претвори во изговор за „пренасочување“ на фокусот на нивните активности. Со растот на економската криза растат и проблемите во лозарството – посочија од Здружението.

Се бара, како што велат од „Напредни лозари“, и итна исплата на заостанатите субвенции.

– По ова прашање Здружението ќе спроведе интернет-анкета со лозарите и ориентирно ќе го утврди бројот на лозари на кои не им се исплатени субвенциите. Анкетата ќе се спроведе веднаш по состанокот доколку од МЗШВ, Подрачната единица и Платежната агенција не се добие точен податок за неисплатените субвенции – соопштија од „Напредни лозари”.

Според нив, треба да се изнајде механизам и начин да се сопре монополскиот однос на големите преработувачи и откупувачи на грозје, како и нивното влијание врз формирањето на цените.

-Предлагаме и нов закон, закон за лозарство, во кој ќе биде потенцирана токму заштитата од монополскиот однос и формирање на цените за откуп. Да се прекине со уцените од страна на дел од преработувачите на грозје, лозарите за да предадат грозје во нивните капацитети, да мораат да купуваат препарати од нив по мошне повисоки цени, во однос на цените во земјоделските аптеки. Министерот да нé информира за судбината на винарската визба ,,Повардарие” и другите преработувачки капацитети на грозје во стечај, како и за можноста дел од нив да дојдат во рацете на лозарите. Ќе се потенцира и судбината на долго најавуваната дестилерија од страна на градоначалникот на Кавадарци – наведуваат од Здружението.

Повикуваат и да се контактираат амбасадите од соседните држави и да се бара можност за бесцарински извоз на грозјето, како една од мерките против монополот на големите преработувачи и откупувачи, како и да се поедностават процедурите за ваков извоз, особено издавањето на дозволи, а по можност со билатерални договори, дозволите да се укинат.

-На покана на Здружението „Независни тутунари“ од Прилеп, претставници на „Напредни Лозари“ ќе учествуваат на состанокот утре во Прилеп, на кој ќе присуствуваат претставници од повеќе земјоделски здруженија. Главна точка на дневниот ред е енормното поскапување на дизел горивото и штетните последици по земјоделците од ваквото поскапување. Ќе се бара начин да се елиминираат ваквите штети, пред сѐ со потези кои ќе треба да ги повлече Владата, како што се намалување на акцизата, или пак дополнително субвенционирање на трошоците на земјоделците по основ гориво – информираа од ова регионално здружение.

Оттаму се децидни дека е дефиниран сет на активности што ќе почне да ги спроведува ако најавениот состанок со министерот за земјоделство не се случи и доколку решавањето на проблемите почне да се одолговлекува.

-Овој сет опфаќа активности од организирање предупредувачки протест до радикализирање на барањата, соопштија од „Напредни лозари”.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:напредни лозари
Претходен напис Николовски: Земјите од регионот имаат отворена соработка и се заложуваме за одржување на стабилноста во снабдувањето со храна
Следен напис Комитет за финансиска стабилност: Денарот е стабилен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?