Доколку одлучите сами да направите мешавина за садење на вашите растенија, ова се вистинските рецепти за вас.
Клучот за успешно одгледување растенија лежи во квалитетната почва. Како што знае секој искусен градинар, еден вид почва не одговара на сите растенија. Тајната лежи во прилагодувањето на почвата кон растението што го одгледувате и фазата на развој, за да можат да го достигнат својот максимален потенцијал или, во случајот со зеленчукот, соодветниот вкус.
Подлога за подобро ртење на семето
2 дела компост
2 дела тресет
1 дел перлит
Мешавина за повеќе растенија
1/3 од зрелиот компост
1/3 од површинскиот слој на почвата од градината
1/3 песок
Супстрат за производство на расад
Оваа мешавина е најдобра за производство на големи количини расад, кои по пикирањето се распоредуваат во поединечни садови.
6 делови компост
3 дела земја
1 до 2 дела песок
1 до 2 дела зрело ѓубриво
1 дел тресет
