Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најскапиот леб во светот – Векна од 400 грама чини 1.480 евра, а се приготвува 18 часа!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Најскапиот леб во светот – Векна од 400 грама чини 1.480 евра, а се приготвува 18 часа!
Магазин

Најскапиот леб во светот – Векна од 400 грама чини 1.480 евра, а се приготвува 18 часа!

Објавено 17/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шпанија може да се пофали со уште еден гастрономски успех, со најскапиот леб во светот кој се продава за 1.480 евра.

Златото и среброто се луксузните состојки на најскапиот леб на светот, кој се продава по цена од 1.480 евра и ги фасцинира богатите клиенти од Блискиот Исток, Русија и Кина.

Овој луксузен леб се продава во пекарницата „Пан Пина“, која се наоѓа во шпанското село Алгатоцин во близина на Малага.

Креаторот на овој егзотичен леб е Хуан Мануел Морено (46), кој работи во пекара 14 години заедно со тим од 10 жени. Пекарата ја основале бабата и дедото на неговата сопруга во 1940-тите, а пред неколку години нејзиното семејство сакало да ја затвори, па тој се понудил да ја преземе.

До идејата да го создаде овој луксузен леб Морено дошол кога станал свесен дека во продавница во Марбела се доставува најскапото кафе на светот.

Морено тврди дека го создал најскапиот леб на светот, употребувајќи злато и сребро во неговиот состав. Главна карактеристика е тоа што во лебот има сребро и злато во три различни форми: во прав, како снегулки, и друга форма што му дава на овој леб 3Д изглед. На лебот има и еден вид тетоважа направена со слад.

Според Морено, секоја векна, која тежи 400 грама, има состојки во вредност од 900 до 1.100 евра. Сите лебови се направени со висококвалитетно брашно, а цената може да варира малку во зависност од цената на златото на пазарот, иако вели дека цената за неговите клиенти „секогаш ќе биде иста“.

Процесот на правење на лебот трае околу 18 часа. Такво е и мотото на пекарницата: „леб без брзање“.

Неговиот експеримент со ставање злато во лебот почнал уште во 2016 година кога го создал својот прв леб направен со злато што се јаде и спелт (познат како лупена пченица). Лупената пченица била широко користена во Европа за време на бронзеното доба и во средновековната ера.

Лебот се продавал по цена од 117 евра, а таа година биле продадени 150 векни.

Морено објаснува: „Користевме злато што се јаде, кое е здраво и корисно кога се користи во правилни пропорции. Всушност, се вели дека златото се консумирало уште во старите кинески династии, а денес се користи во кинеската медицина, како и среброто, кое е исто така здраво“.

Една година подоцна, пекарата лансираше друг вид леб, исто така користејќи злато како состојка, но овој пат беше ставено на површината, „давајќи му на лебот 3Д изглед“.

Така, по неколку години експериментирање со ставање злато во лебот, тој пред неколку месеци го лансираше и најскапиот леб кој чини 1.480 евра. Вели дека станал хит кај богатите луѓе кои живеат или ја посетуваат Коста дел Сол.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:најскап
Претходен напис (ВИДЕО) Како се прави маслиновото масло
Следен напис (ВИДЕО) Земјоделецот над земјата – Доволни се 45 минути тренинг за да може да се управува со овој мега дрон за надгледување на посевите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?