Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во западните предели. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени.
Потоа од утре времето ќе биде стабилно и сончево, повремено со умерена облачност додека ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
