Најк Пром поседува високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кој врши овластено сервисирање на сите застапувани брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем специјализиран возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби, професионално и во најкраток можен рок. Како генерален застапник на повеќе брендови, во делот на постпродажна грижа и поддршка на клиенти, нудиме и оригинални резервни делови. Само со оригинални резервни делови можете да постигнете перфекција во работењето на Вашата машина, без разлика дали се работи за мали ситни тековни промени или покрупани потреби.

Само оргиналните резервни делови, изработени од најквалитетни материјали ветуваат долготрајност, безбедност и сигурност, а со тоа и ефикасност на машината. За да се постигне комплетност, во понудата ги ставивме и оригиналните флуиди, масла и мазива препорачани или произведени специјално за машините кои ги застапуваме. Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и професионални услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
Контакт:
НАЈК ПРОМ СЕРВИС
моб. 075/256-461 e-mail: [email protected]
