Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младиот фармер Абди Риза: Татко ми одгледува стока и јас избрав да останам во село, имаме 60 крави, 40 ха земја и комплетна механизација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Младиот фармер Абди Риза: Татко ми одгледува стока и јас избрав да останам во село, имаме 60 крави, 40 ха земја и комплетна механизација
АгросекторМеханизација

Младиот фармер Абди Риза: Татко ми одгледува стока и јас избрав да останам во село, имаме 60 крави, 40 ха земја и комплетна механизација

Објавено 11/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Абди Риза од битолското село Велушина, уште од мал покажал љубов кон земјоделската работа. Неговата фамилија егзистенцијата ја обезбедува од земјоделско производство, одгледуваат крави и на 40 ха произведуваат луцерка и пченка. Како помал, секоја можност ја користел да помогне во работите на поле и во фармата. Иако е млад, има само 23 години многумина на негова возраст би се одлучиле за живот во град, сепак Абди за Агротим открива дека сточарството го исполнува и дека е задоволен од животот во село.

– „Татко ми Самедин одгледува стока и јас избрав да останам во село, навиката за работа ја стекнав како дете и сега ништо не ми е тешко. Кога некој работи паметно и ја сака работата резултати мора да има и ние сме задоволни. На околу 40 ха, садиме пченка, луцерка и сточен грашок за добиточна храна. Имаме околу шеесетина крави од расата Фризиска, сега сееме сточен грашок да имаме за нивна исхрана. Набавивме и сопствена механизација, 5 трактори сите на „Солис“ кои ги купивме од „Хемометал“, ги користиме за орање и сите можни операции во земјоделството. Презадоволни сме од соработката со оваа компанија, првиот трактор од нив го купивме во 2013 година и досега од таму набавивме уште 4 “, вели овој млад земјоделец.

Посочува дека доколку се работи домаќински може да се живее од оваа работа.

– „Многу значи да се има желба да го работиш ова. Од мал гледав како моите инвестираат во земјоделието и намерата да се добие квалитетен производ. Целата количина на млекото ја предаваме во приватна млекара, а цената достигнува и до 34 денари за литар. Корисници сме на субвенции и можам да кажам дека се добри ама сепак да бидат навреме исплатени кога ни се и најпотребни, смета тој. Вели дека годинава родот потфрлил, затоа што сушата го направила своето а и имале и проблем со ненавременото доставување на вода од Хидросистемот Стрежево.

Што да се каже после ваква приказна од млад земјоделец освен дека неговата работа е за секоја пофалба и мотивирачка за сите други млади кои можат својата егзистенција да си ја обезбедат во земјоделскиот сектор. Потребна е желба, работа, професионалност и се разбира, модерна механизација за рентабилно производство.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
Таг:40 ха земја60 кравиАбди Ризаселостока
Претходен напис Најк Пром поседува високо опремени и квалификувани СЕРВИСИ во Струмица и Битола
Следен напис НАЈК ПРОМ: Мотокултиватори, агрегати за струја, моторни пумпи, моторни косилки, тримери, од светски познатиот италијански бренд OKAY Еkonomic
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?