Моќниот трактор LOVOL 1654, од најсовремената IV генерација, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
LOVOL 1654 е снажен „интелигентен“ трактор со високи перформанси, кој располага со голема моќност за обавување на тешки земјоделски работи. Во однос на конфигурацијата, LOVOL 1654 е моќен и сигурен модел без никакви недостатоци, подготвен да одговори на секое работно место и терен кое бара издржлив трактор со голема снага.

Тракторот LOVOL 1654 поседува ефикасен 6-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо-интеркулер систем и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, обезбедува максимална сигурност и прoфесионална обработка на сите работни површини.
Синхонизираниот шатл менувач (Power Shuttle) со голем број на брзини 16+16, овозможува лесно менување и комфор во обавувањето на сите операции во различни работни услови.

Тракторот LOVOL 1654 е современа земјоделска машина која располага со интелигентна опрема, интегриран CHCNAV GPS систем за управување кој обезбедува автоматизирано и високопрецизно водење на земјоделството, намалувајќи го заморот на операторот и подобрувајќи ја ефикасноста со точност на ниво на центиметар, интегрирајќи хидраулично-електрично управување за работа без раце при обавување работни операции како садење, прскање, орање итн.

Тракторот LOVOL 1654 располага со најнова четврта генерација на кабина со удобен работен простор и ергономски дизајн, херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, звучно изолирана, со парно и клима, тапацирана, панорамски стакла без мртов агол, рамен под, шибер, ролетна, Grammer воздушно и удобно седиште, помошно седиште за совозач, брисачи.

Тракторот LOVOL 1654 е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL 1654:
• Mоќност на мотор, 165 коњски сили (121kW)
• Број на цилиндри, 6 цилиндри
• Електронски контролиран погон на сите 4 тркала / 4WD
• Хидрауличен волан со прилагодлива висина
• Синхронизиран шатл менувач (Power Shuttle) / Брзини, 16 напред + 16 назад
• Гуми радијални, предни 480/65R28, задни 600/65R38
• Моноблок двосмерна хидраулика со 8 хидраулични излези (4 сета)
• Кардан со две брзини, 540/1000 вртежи во минута
• Тегови напред 10x80kg и назад 4x120kg
• Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, сет алат
• Grammer воздушно седиште
• Интегриран CHCNAV GPS систем за навигација и хидраулично-електрично управување
• Кабина, најнова IV генерација херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, клима и парно, тапацирана, рамен под, помошно седиште, шибер, ролетна, радио со USB, брисачи и друго.

Видео со тракторот LOVOL 1654:
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и подршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго. Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
