Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
Агровести

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег

Објавено 21/01/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија апелира на зголемена внимателност при управување со возилата.

Екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателното и совесно возење, АМСМ препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината според условите на патиштата. Возачите се советуваат навремено да се информираат за состојбата на патните правци преку информативните центри.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила се воведени на планинските превои Стража, Маврово – Дебар и Пресека.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ особено апелира на внимателно возење на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што постои можност од одрони.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:АМСМвнимателно возењепроодниснег
Претходен напис Со поддршка од ЕУ поставени темелите за регионално управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион
Следен напис НАЈК ПРОМ: НАЈНОВА IV ГЕНЕРАЦИЈА НА ТРАКТОР, LOVOL 1654 – Моќна комбинација од снага, сигурност и удобност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?