Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемиот лозов насад во Европа се наоѓа во една од најмалите држави – Црна Гора!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Најголемиот лозов насад во Европа се наоѓа во една од најмалите држави – Црна Гора!
ПазариРастително производство

Најголемиот лозов насад во Европа се наоѓа во една од најмалите држави – Црна Гора!

Објавено 27/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозов насад на површина од импресивни 2.310 хектари, всушност претставува најголемата плантажа на винова лоза во цела Европа. 

Покрај реките: Морача, Цијевна, Рибница, Зета, Марзева и Ситница се наоѓа Чемовско поле, но и главниот град на Црна Гора, Подгорица. Оваа прекрасна област која се наоѓа недалеку од Јадранското море и езерото Скадар дава иделани услови за подигање на лозови насади и токму поради тоа овде се наоѓа плантажата „13- ти Јули“ која се простира на површина од 2.310 хектари.

Како и кога започнало сето ова?

Помина повеќе од половина век кога беа направени првите планови за подигање на најпознатата црногорска плантажа. Во пустиот камењар беа направени модерни пристапи од страна на тогашните стручњаци, и така камењарот хектар по хектар се претворал во обработлива површини која многу ветувала. Со помош на човечкото знаење и силните машини, се кршеле карпите и се претворале во лозови насади. Овој проектот кој започнал во седумдесеттите години на минатиот век бил еден од најголемте земјоделски зафати во Европа за тоа време, со вредност поголема од 60 милиони американски долари.

Првите насади и модерното производство на вина започнале со формирањето на земјоделскиот комбинат „13- ти Јули“, во далечната 1963 година. Подоцна е преименуван во плантажа „ 13-ти Јули“. Во периодот од 1977 и 1982 година, биле засадени неверојатни 10 милиони лозови садници. Чемовско поле кое само неколку години пред тоа било камењар, се претворило во идила на модерното лозарство.

Се садел познатиот црногорски вранец, крстач, а подоцна и други племенити сорти на винова лоза. Вранецот е застапен на 70 % од вкупната површина во производствениот комплекс. Со повеќе од 2500 сончеви часови годишно, полето веќе првите години имало квалитетен принос. Тоа било резултат на стручноста и прецизното планирање на инвестицијата и пред се на долгорочната визја на тогашната држава.

Со непресушна мотивација и после половина век се рушат рекорди

Низ сите овие изминати години, компанијата непрекинато се надоградувала со нови знаења, вештини, пристапи и нови технологии. Плантажата „ 13-ти Јули“ е една од најзначајните компании на денешата економија во Црна Гора. На најпрестижните натпревари редовно се собираат највисоко рангираните признанија и дипломи за вино и ракија. Вината се извезуваат во повеќе од четириесет земји и тоа во Австралија, Азија, Европа и Америка.

Интересно е дека 95 % од лозовите насади денес се берат рачно. Со „војска“ од над 2.000 работници целиот род се бере за нешто повеќе од еден месец. Годишниот принос, во просечните години, се движи некаде околу 20 милиони тони грозје,  а производството на вино достигнува 17-18 милиони шишиња.

Секоја година се заменуваат околу 50 хектари лозови насади со нови. За да може целиот производствен процес да тече без застој, постојано се вработени 700 работници. Вложувањето во стручен кадар, истражувања и развој на нови технологии е клуч на успехот на оваа компанија. Плантажите се во државна сопственост и за разлика од повеќето земјоделски комбинати од минатиот век оваа компанија никогаш не потклекнала.

За потребите за складирање на виното, покрај импресивните лозови насади, располагаат дури со три винарски визби со капацитет од 30 милиони литри вино. Секоја од нив има свои карактеристики и намена, а покрај лозарството и винарството, се занимаваат и со овоштарство, рибарство и угостителство.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:винарска визбаЛозов насадплантажа „13- ти Јули“Црна Гора
Претходен напис Нов студен воздушен бран се движи кон Македонија
Следен напис (Видео) Политиколог отворил сирењара и овозможил пласман на млекото од малите фарми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?