Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемата фабрика за чоколади привремено го прекина производството поради салмонела
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најголемата фабрика за чоколади привремено го прекина производството поради салмонела
Агровести

Најголемата фабрика за чоколади привремено го прекина производството поради салмонела

Објавено 01/07/2022
Сподели
1 мин. за читање
facebook
Сподели
Ad imageAd image

Најголемата светска фабрика за чоколади на познатиот производител „Бери Калебо“ (Barry Callebaut) го прекина производството во Визе, Белгија, поради појавата на салмонела.

Лецитинот е идентификуван како извор на контаминација, а бидејќи се користи во целото производство на чоколади, превентивно се стопирани сите производни линии и започнато е тестирање на произведеното чоколадо, соопштија од швајцарската групација.

Фото: Фејсбук/Barry Callebaut

„Бери Калебо“ дистрибуира чоколадо на големи компании како Hershey, Mondelez, Nestle и Unilever..

Засега не е познато во кој производ е пронајдена салмонела, па од купувачите било побарано да престанат да ги користат купените производи.

Фабриката, како што е наведено, ќе се чисти и дезинфицира пред да почне повторно со производство.

Фото: Фејсбук/Barry Callebaut

Швајцарската групација „Barry Callebaut“ е број еден во светот, со годишна продажба од 2,2 милиони тони во текот на финансиската година 2020-2021. Во текот на изминатата финансиска година, компанијата, чие седиште е во Цирих, оствари нето добивка од 331 милион фунти. Компанијата вработува повеќе од 13.000 луѓе и има повеќе од 60 производствени локации низ светот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Салмонела
Претходен напис Како Шпанија стана земјоделска велесила и европски лидер во производство на храна
Следен напис (ФОТО) Осудените лица од КПД Прилеп учествуваат во жнеење на јачменот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?