Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наглите временски промени негативно се одразија врз пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наглите временски промени негативно се одразија врз пчеларството
Агровести

Наглите временски промени негативно се одразија врз пчеларството

Објавено 04/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Студеното време последните неколку дена кога температурите за многу кратко време се спуштија дваесетина степени, негативно се одрази врз пчелните семејства и нивните активности, потврдуваат пчелари од Кичевско-бродскиот регион.

-Драстичниот пад на температурите претходната недела негативно се одрази врз пчеларството во нашиот регион. Ваквите температурни шокови се голем непријател на пчелите во време кога собираат полен и прават мед. Уште повеќе состојбата ја влошија студените ноќи кога температурите се спуштаа близу до нула, ги направија пчелите речиси неподвижни и наместо да собираат мед тие се собираа во сандаците многу порано отколку што тоа го чинат во периоди кога температурите се над 20 степени целзиусови, што за нив е оптимално време – вели пчеларот Миле Стојкоски.

Тој посочи дека и дождот што наврна деновиве уште повеќе ја влоши состојбата и негативно се одрази врз пчелните семејства.

-Покрај студот кон крајот на мај, дополнително состојбата ја влоши дождот кој го имавме изминатите неколку дена. Врнежите од дожд ги мијат цветовите што придонесува пчелите празни да се враќаат во сандаците. Да очекуваме времето да се подобри, да нема вакви температурни шокови за да можат пчелите да го искористат цветањето на липите и други растенија кои цветаат во овој период и конечно да имаме подобра година со поголеми приноси на мед – додава Стојкоски и посочи дека само две недели убаво време во претстојниот период, може да ја спаси сезоната, бидејќи во толку долг период пчелите можат да соберат толкаво количество на мед, колку што не можат да соберат во цела просечна или слаба година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вреемемедпчели
Претходен напис ОН: Цените на храната на глобално ниво зголемени најмногу во последните 10 години
Следен напис Бачовски: Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата за овчарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?