Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наезда од диви свињи во Кичевско и Бродско, штетите големи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наезда од диви свињи во Кичевско и Бродско, штетите големи
Агровести

Наезда од диви свињи во Кичевско и Бродско, штетите големи

Објавено 26/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последните неколку години дивите свињи во Кичевско-бродскиот регион направија големи штети на житните и градинарските култури, на компирите, а речиси не им оставија ништо ниту од паднатите костени на жителите од Порече.

-Бројноста во природата и гладта ги присилија дивите свињи се повеќе да влегуваат во селата, барајќи храна. Бидејќи летните култури се уште не се засадени, тие сега ги собираат желадите од есеноска. Истовремено и копаат во земјата, бараат подземни плодови, вели Наќе Николовски од Кичевско за МИА.

Поради забрзаниот раст на бројот на дивите свињи, тие се се поблиску до населените места, а потребата за храна ги прави бестрашни, иако е познато дека се плашливи животни. Дури ни зголемениот отстрел во текот на ловната сезона не ја намали нивната бројност, велат кичевски ловџии. Тие преупредуваат дека  вистинските штети од дивите свињи допрва доаѓаат, кога есенските и пролетните култури ќе  бидат созреани за берба.

Жител од селото Лисичани потсетува дека ланското лето на неговите површини дивите свињи направиле  големи штети и целосно уништиле дури 70 проценти од компирите или околу три тони.

Ловџиите предупредуваат на последиците од наезда на дивите свињи во претстојниот период.

– Дивите свињи вистинските штети ги прават во периодот откако ќе почне созревањето на житните култури, пченица, рж и пченка и градинарските култури или од втората половина на јули се до собирањето на летината во септември и октомври. Како ќе созреваат овие култури, така дивите свињи ќе бидат се поприсутни на овие ниви и ќе предизвикаат поголеми материјални штети, истакнува ловџијата Даме Петрески. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БродскоДиви свињикичевскоНаезда
Претходен напис Бачовски: Аплицирајте за финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед
Следен напис Министерот Николовски на работен состанок со делегацијата на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?