Работната недела ја започнав со редовен работен состанок со делегацијата на ЕУ. Разговаравме за напредокот на ИПА проектите кои се имплементираат во секторите земјоделство и рурален развој. Посебен акцент ставивме на веќе започнатите проекти за изградба на малите системи за наводнување и одржување на промотивни настани заедно со Делегацијата на ЕУ.

Продолжуваме со засилена соработка, секторот земјоделство и рурален развој ќе биде вклучен и во програмските години на ИПА 2023/24.

Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
