Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наддавање за парцелите во индустриската зона Речица на крајот на следниот месец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наддавање за парцелите во индустриската зона Речица на крајот на следниот месец
Агровести

Наддавање за парцелите во индустриската зона Речица на крајот на следниот месец

Објавено 12/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Има заинтересирани инвеститори за купување парцели во индустриската зона Речица, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

На последната презентација можностите за вложување во зоната ја разгледале и домашни и странски бизнисмени.

-Потенцијалите на индустриската зона Речица се големи, смета Димитриевски.

Тој најави организирање на дополнителни презентации за претстојното јавно наддавање кое се очекува да се случи кон крајот на мај годинава.

– Корона-кризата, лани нè спречи да организираме презентација и јавно наддавање, сега научивме да живееме со ковид-кризата. Зоната има голем капацитет, се простира на површина од 67 хектари има повеќе од 50 парцели на кои може да се врши градба на капацитети од лесна, незагадувачка индустрија, има локации за трговски единици, шопинг центри и хотелски капацитети. Имаше интерес и прашања од потенцијалните инвеститори – изјави Димитриевски.

Кон крајот на мај, годинава ќе бидат понудени 12 градежни парцели, четири со намена Г2-лесна незагадувачка индустрија, две со намена за хотелски комплекси и шест за големи трговски единици. Цената и големината на парцелите се различни, за Г2 цената е 61, за хотелски комплекси 283 и за големите трговски единици 800 денари по метар квадратен. Надоместот за комуналии е 40 денари за метар квадратен, доколку добијат право на градење.

– Урбанистичкиот план за индустриската зона во Речица е донесен пред десетина години, но своевремено од тогашната Влада беше одземена од општината, беа продадени неколку парцели и повторно е вратена на општината. Успеавме сега заедно со Владата да реализираме инфраструктурен проект во делот на изградба на инфраструктурата, пристапни патишта асфалтирање, изградба на атмосферска канализација – додаде Димитриевски.

Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. Владата претходно одвои средства за инфраструктурата во вредност од 24 милиони денари.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:максим димитриевскиречица
Претходен напис Од утре повторно промена на времето – Пониски температури, дожд и снег на планините
Следен напис Еколошка акција на излетничко место Студена Вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?