Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Националната федерација на фармери ја почнa кампањата „Купувајте домашни производи“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Националната федерација на фармери ја почнa кампањата „Купувајте домашни производи“
Агровести

Националната федерација на фармери ја почнa кампањата „Купувајте домашни производи“

Објавено 04/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Не смее да пропаѓа домашното производство, потребна е поддршка за негов опстанок во време на корона кризата. Ова се двете клучни пораки на кампањата „Купувајте домашни земјоделски производи“ на Националната федерација на фармери (НФФ) што почна денеска, а целта е да се поттикне зголемувањето на потрошувачката на домашните земјоделски производи на домашниот пазар.

Според Федерацијата, градинарското производство и производството на овошје и грозје, како и производството на млеко и сирење се одвива главно кај индивидуалните земјоделски производители кои се мали стопанства и фрагментирани парцели.

– Колку е важно земјоделството во државата и колку е важно да го подржуваме и зачуваме нашето домашно производство покажуваат и статистиките според кои вкупно 180.000 семејства егзистират од земјоделството, 45 отсто од македонското население живее во рурални средини кои зафаќаат 87 проценти од вкупната површина на државата.

Економско-здравствена криза негативно се одрази и на семејствата во руралните средини посебно на нивната егзистенција и ќе поттикне зголемување на сиромаштијата, наведува НФФ. Националната федерација на фармери подгови и промо видео „Купувајте домашни земјоделски производи“, почнува со делење флаери и постери во сите супермаркети и пазари во поголемите населени места и воедно ќе поддржи шест интервенции за обебзеденост и производство на храна за справување со последиците од ковид пандемијата, како и поттикнување на економско здружување на земјоделците и заедничко справување со предизвиците.

Активностите се дел од проектот Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија, финансиран од Шведската амбасада во Република Северна Македонија и се имплементира од страна на Шведската организација за развој We Effect заедно со Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој и Националниот ромски центар

– Ковид кризата ни покажа колку навистина е значајно и важно земјоделството и руралниот развој за опстанокот на државата, од друга страна ги истакна предизвиците со кои се соочува македонското земјоделство и нашите земјоделци.

Здравствената и економска криза предизвикана од Корона Вирусот направи нарушување на пазарните синџири и создаде дополнителни проблеми во дистрибуцијата, затоа треба да се дејствува на дoмашен план и да се купуваат домашни земјоделски производи. Видовме дека најмногу оштетени беа сточарите со продажбата на јагнето, млекото, лозарите со продажбата на грозјето и градинарите со продажбата на пролетната зелка. Во оваа насока ние треба да го штитиме нашето домашно произвдоство и да не дозволуваме да станеме сто проценти зависни од увозната храна. Тоа ќе е страшно и за нас земјоделците, но и за сите граѓани во државата, бидејќи ќе се купува многу поскапа храна, потенцира претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

Федерацијата оценува дека македонското земјоделство во овој временски опфат беше тешко погодено со пазарните ограничувања, недостаток на сезонски работници, ограничување во движењето, потешкотии во организација на транспорт и логистика. Првичната анализа „Земјоделството и корона кризата” објавена од НФФ идентификува дека синџирите за снабдување со храна се веќе нарушени, дека постои недостаток на работна сила (посебно од сезонски карактери) како фактори кои долгорочно ќе го нарушат производството и преработката на храна.

Оваа појава е особено нагласена кај интензивните земјоделските култури, при што се забележува и дека нарушените синџири за снабдување со храна ќе резултираат со зголемено ниво на загуба на храна кое во овој и наредниот период драстично ќе се одрази.
Извор: opserver.mk

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:домашни производикампањаКупувајте домашни земјоделски производиНационална фдерација
Претходен напис Трета годишна конференција за е-трговија во Македонија: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности“
Следен напис Бијонсе:Чувам илјадници пчели, донирав многу пари за жртвите од ковид-19!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?