Во интервјуто за декемвриското издание на Vogue, Бијонсе откри дека чува пчели и прави многу мед, но и дека помогнала во поставувањето пунктови за тестирање и донирала многу пари за жртвите од ковид.
Во интервјуто за магазинот Бијонсе зборува за пандемијата, движењето Black Lives Matter и како овие настани влијаеле врз неа како родител. Бијонсе има три деца со сопругот Џеј Зи – Бу Ајви, и близнаците Руми и Сер.
Пејачката прозборе и за тоа како е да се биде жена бизнисмен и што значи успехот за неа:
„Можете сами да одлучите како ќе изгледа успехот за вас. Да бидете број еден не значи подобар квалитет. И, комерцијалниот успех дефинитивно не значи дека сте влијателни“.
Едно од поинтересните нешта што ги открива Бијонсе е тоа дека чува пчели:
„Имам кошници за пчели. Веќе некое време се во мојата куќа. Имам околу 80.000 пчели и правам стотици тегли мед секоја година. Почнав да ги одгледувам бидејќи моите ќерки, Блу и Руми, имаат ужасни алергии, а медот има многу лековити својства“.
Музичката ѕвезда откри и дека активно помагала за време на пандемијата:
„Се обидувам да го смислам најпродуктивниот начин на кој можам да помогнам. Имав можност да работам со мојата црква во Хјустон, Тексас, каде што поставивме пунктови за тестирање за многу локални жители, особено за оние од посиромашните делови, кои неретко немаа пристап до тест.
Работев со локална болница во Хјустон, им дадов сè што им е потребно на инфицираните. Им помогнав на уште повеќе луѓе со средствата собрани од ремиксот Savage со Меган Ти Сталион – ги дониравме парите за поддршка на жртвите од ковид-19. Истото го направив и со средствата од Black Parade. За мене, оваа година беше година за служење на општеството“.
Извор: Црно бело
