Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национален парк Шар Планина – историска можност за С Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национален парк Шар Планина – историска можност за С Македонија
АгровестиРурален Развој

Национален парк Шар Планина – историска можност за С Македонија

Објавено 19/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред четири години, фотографија од младенче на балканскиот рис од Северна Македонија предизвика голем интерес во меѓународните медиуми, нешто што не беше видено повеќе од деценија. Денес, се смета дека едвај педесетина од овие критично загрозени големи мачки се останати во земјата, а и самото забележување на рис во регионот дава надеж дека тие повторно ќе се вратат.

Популацијата на рисот веќе децении наназад бележи опаѓање. Нелегалната сеча, трофејното убивање, преголемата експлоатација на вода и ловокрадството влијаеше на намалување на популацијата на оваа мачка, но и на општата деградација на животната средина.

Сепак, прогласувањето на национален парк на дел од територијата на Шар Планина е историска можност за Северна Македонија. И тоа не само за балканскиот рис кој е симбол за целиот регион и едно од најретките животни во светот, туку и за граѓаните на Северна Македонија. И покрај релативно малата територија, Северна Македонија е многу важна за биолошка разновидност на Европа. Дури две третини од растителните видови на земјата, како и кафеави мечки и балкански дивокози, се среќаваат на Шар Планина.

Во време кога природните екосистеми, а со тоа и здравјето на луѓето се загрозени, дискусиите кои се водат во Собранието на Северна Македонија за прогласување национален парк можат да дадат важен придонес кон глобалните напори за запирање на огромната загуба на биолошката разновидност.

Како дом на триесетина села и повеќе од 26.000 жители, Паркот може да поттикне еко-туризам и да отвори можности за вработување на заедниците во регионот. Ако трагедијата наречена КОВИД-19 нè научи на нешто, тоа е дека мора да дадеме приоритет на безбедна и одржлива егзистенција за заедниците и да ја заштитиме природата од која зависиме, заради ментална, физичка и економска благосостојба. Овој потег за формирање Национален парк „Шар Планина“ е моќен чекор за постигнување на двете цели. УНЕП е горд што од 2016 година го поддржува ова возбудливо заедничко патување со Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, преку проект финансиран од Глобалниот Фонд за животна средина.

Таквиот потег, исто така, обезбедува корисни лекции за успешна меѓународна соработка за еколошките предизвици, при тоа воспоставувајќи едно од најголемите прекугранични заштитени подрачја во Европа, распространето низ неколку држави на Балканот. Таквиот потег доаѓа во година на пресвртница за акциите во животната средина. Во текот на годинава, државите ќе ја финализираат амбициозната рамка за заштита на биолошката разновидност по 2020 година. Во јуни, ќе ја започнеме Декадата на ООН за обновување на екосистемите, како глобално движење за поддршка на државите во насока на запирање на деградацијата на земјиштето. А зголемената заштита на богатствата на нашата планета, носи придобивки за секого.

Во Обединетите Нации гледаме дека заштитените подрачја, вклучително и националните паркови, можат да работат за луѓето и животната средина. Затоа не се изненадувачки резултатите од неодамнешното истражување кои покажуваат дека повеќе од 82 отсто од анкетираните даваат поддршка за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Се разбира, не можеме едноставно да поставиме ограда околу парче земја и да сметаме дека сме завршиле добра работа. Мораме подеднакво да се посветиме на запирање на загубата на биолошката разновидност и надвор од заштитените подрачја. Ова подразбира тесна соработка со заедниците, со локалните бизниси и со веќе започнати инфраструктурни иницијативи, за да се демонстрира дека навистина е можно да се живее во хармонија со природата. Обезбедувањето интегритет на уникатниот екосистем Шар Планина и за идните генерации ќе значи целосен преглед на влијанието врз животната средина од која било постоечка или планирана инфраструктура што може да го наруши екосистемот и решеност да се идентификуваат алтернативи за да се избегне штетата врз животната средина.

Северна Македонија се наоѓа на работ на врвно достигнување со кое можат да се гордеат и идните генерации. УНЕП останува на својата заложба за поддршка на државата во сегашните напори и на патот кон иднината.

Ингер Андерсен, Извршна директорка на Програмата на Обединети Нации за животна средина

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Шар планина
Претходен напис (ВИДЕО) Оваа млада земјоделка прави фустани од сува трева и лисја од пченка
Следен напис Франција ги олеснува мерките, ги отвора баровите, продавниците и културните објекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?