Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
Агровести

На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата

Последна измена: 21/04/2025 19:13
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

На граничните премини Табановце и Богородица од доцна попладнево времето на чекање за влез во државата изнесува околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Отпочната е времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2, известуваат од Синтек Инженеринг. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

МИА

Може да ви се допадне

Министерство за земјоделство на Србија: Зголемен надзор над прометот на храна од животинско потекло
Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Започнува изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица
Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Таг:автопатгранични преминисообраќај
Претходен напис АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна
Следен напис Од органски јагоди заработува 1.600 динари за килограм: Бербата во овоштарниците на Анабел е во полн ек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?